Голем, најголем поздрав до моите сограѓани/сонародници/содржавјани кои _знаат_ дека линиите на коловозот кои ги одвојуваат коловозните ленти се само уникатен украс, заедно со нивните трепкачи, па согласно тоа:
1. Произволно се престројуваат без најава;
2. Претекнуваат во тунел со +5 км/ч, за да продолжат да возат по левата лента со брзина идентична или незначително поспора од десната лента;
3. Возат помеѓу лентите because reasons.
Исто така, голема благодарност до работниците во фабриките на Шкода кои го опремиле моето возило со шесто сетило наречено "front assist" што ме спречува да им го пореметам комфорот на горенаведените со тоа што ќе им се забијам во задниот дел.
Дополнителен благодет од сето ова е што автоматското кочење ме освестува мене и целото мое семејство и не прави подобри членови на ова освестено општество.