Треба сите да намалиме со нервозите низ град. И да не паѓаме на провокации од сељачаана. Да не се праиме руси у сообраќај, туку малце повеќе германци. Пушти го тој што се бутка, нека крши глаа, ако сака да лета, нека лета, ако сака нек се убие.. глеј си свој qр бизнис, keep calm and drive relaxed. Пропушти ги пешаците на пешачки, пропушти го тој што пробува да се приклучи од споредна улица, застани на жолто - не се бутај на раскрсница за да застанеш на сред раскрсница, престрој се на време, ако си забораил да се престроиш на време - дај жмигавец, ќе те пушти ако не првиот, вториот. Не му се бутај упорно на тој што не те пушта. Понашајте се во сообраќај, како што сакате со вас да се понашаат другите.
Многу работи во животот се многу побитни од сообраќајов, за да си ги арчиш нервите во сообраќај. Најдобро е нервозата да си ја оставиме на тротоар пред да влеземе у кола. Возењето во градски гужви никогаш не го правиме од задоволство, туку од потреба. А штом мора да го праиме, нема зошто да се нервираме.
Ко реклама на РСБС звучам, нексибе матер, ама јебига

да се нервирав јас за секоја глупост што сум ја видел во сообраќајов во овие 25 години возачки стаж и 15+ години работен стаж низ градов, со околу 20.000км годишно претежно градска скопска вожња во последниве 20-тина години, досега ќе ме имаше снемано од нервоза.