2 месеца? Боше, добар си ти.
Предминатото лето кај мене ја раскопаа улицата. Поставуваа нова атмосферска канализација. Истовремено решија да ги ископаат и тротоарите, и да поставуваат нови кабли за оптика, кабловска, итн. Фајн. На асфалтот му ебаа мајката и не го ни заменија цел, него делумно. На ништо не личи. Каде што ги ископаа тротоарите, не ја вратија земјата што си беше (и каде што имаше трева), туку донесоа и сипаа бел кршен камен. Тек тоа па на ништо не личи. Тоа почна во Септември (!!), траеше до Јануари. Пет месеци кал.
Минатото лето решија на главната улица да ги сменат ивичњаците и да наредат бекатонски плочки. И тоа почна во Септември (!!). На едната страна ги наредија ивичњаците, дигнати у небеса. Меѓу асфалтот од улицата и новите ивичњаци има меѓу 10 и 30 цм дупка, пополнета со земја. Песок оставаат каде ќе им текне, за пополнување простор меѓу плочките. Чим заврне, кал колку сакаш. Секако, и тоа траеше до Јануари, односно уште трае.
Годинава почнаа да редат ивичњаци по споредните улички и на другата страна на главната улица. Ги искорнаа старите ивичњаци, го искорнаа и асфалтот, ги упропастија тротоарите (втор пат плаќам мајстор да ми ги прередува моите бекатонски плочки на тротоарот пред куќа), оставија јаз меѓу новите ивичњаци и асфалтот од улицата (кој патем сега е искршен, парче направен од багерот што ги корнеше ивичњаците), кал колку сакаш. Во меѓувреме, новите ивичњаци што уште чекаат да бидат монтирани стојат на палети оставени на рандом места на улица, ги заобиколуваме со коли бидејќи се претешки да ги мрднеме. Никој од комшиите не се ангажира да си го среди тротоарот колку-толку пред куќа за да биде функционален, па паркирање е лотарија. А задува се дига прашина колку сакаш.
Ова го почнаа пред месец и кусур. Еве, уште е парче све.
И така..