СРЕЌА У НЕСРЕЌА
Среќа :Се договоривме вчера во 13:30 да одиме со бубњаров на свирка ...товарен со Калибрата...тип топ..boss mode.
Несреќа: На враќање накај дома од работа (12:30), колата пред последната бензинска Макпетол буквално ми умре. Угаси во возење и останав на сред пат кај последната бензинска Макптерол no 50 степена надвор.
Среќа: После 10 тина минути надвор, оп...завреглав запали...стигнав до дома.
Несреќа: Неможев да најдам комбе за изнајмување Ск-Охрид.
Среќа: Калибрата можеше да ме остави саат време покасно накај Гостивар...но ме остави во Ск..
Шурата мој беше слободен со Мерцесот, дојде, се товаривме и среќни весели накај Охрид.
Несреќа: 5 км пред стража му дигна 120 степени температура....вода губи.

Среќа : Имаше каде да се застане, па застанавме и отворивме хауба.
Несреќа: Цревото за вода буквално му екслодира откорнувајќи парче од хладњакот под висок притисок. Имаш водоскок со 120 степена вода ...
Среќа: Иако бевме над моторот, се тргнавме на време па не ни испрска во лице врела вода.
Несреќа: Шлеп служба Гостивар - Охрид 8000 ки. ( не е члеен на АМСМ)..и тоа за саат и пол а го земат него, а јас со бубњаров да терам на друг начин накај Охрид.
Среќа: Пуштија службено комбе од Охрид да не збере нас музичарите.
Несреќа: го чекав вака 2 факинг саата.

pic uploadСреќа: кога дојде , комбето беше климатизирано, удобно , купив нешто храна и вода од Стража и продуживме накај Охриd.
Несреќа: Пошто касневме, типов претица џандари..овие го застанаа и изгубивме уште 45 минути во место.
Среќа: Публиката во Охрид беше трпелива, па влеговме без тонска, само штекање кабел и на сцена..
gifs uploadНесреќа: ПОради немање тонска проба тонот беше прилчино шит.
Среќа: Публиката беше одлична.
Несреќа: Имав договорено на мајстор за мојата кола денес рано сабајле, а немав со кого да се вратам истата вечер.
Среќа: Најдов пријател со Е класа.
Несреќа: бевме 5 луѓе во кола, назад без зипован со куферот од басот преку цела задна клупа во скут.

Среќа: Стигнав дома..ЛЕШ. 7 сата Скопје Охрид ..за саат време свирка и одма назад..Значи..ЛЕШ.
Несреќа : Сабајлево Калибрава пак ми запали, па мислев ќе издржи до Ѓорче...
Курац..ме остави кај факултетите.
Среќа: АМСМ 196.
Несреќа: 1000 че...плус саат и пол ги чекав.
Среќа: Ја стаивме на кабли, се угаснаа контролни, колата упали, работеше топ...
Значи алтернаторот е...али не и цел ЕКУ на колата.
Несреќа: Мојата има 120 амперски , а на лагер имаат само 100 амперски за Калибра и тоа некоја чкарт фирма za 8000 ден без гаранција кој може да изгори за едно идење до Охрид..
Среќа: Утре сабајле до 9 мојот ќе биде изваден и правац или Тетово или Косовска граница за половоен, исправен али оригинал..по препорака.
Несреќа...имам само Југо, другите коли ми се зафатени.

Ќе видиме утре што ќе се деси.
...и после некој ке дое ке ми рече...супер ти е тебе..си работиш преку ден, си свириш преку вечер...

Ќерка ми е кај баба и дедо викендов....па ми ја пуштија сликава да ме расположат.
На крајот од денот, all that matters is family. And i mean it.


