Не памтам да сум се изнервирал толку многу колку што се изнервирав пред саат време... Станува збор за релација долга 3-4 километри, односно од Тафталиџе 2 до Универзална сала.
На раскрсницата Московска-Партизанска, се вклучувам на Партизанска во правец кон центар. На самата автобуска имаше 3 деца, кои стоеја позади двокатен автобус и чекаа да ја поминат улицата преку жардињерите. Едно од децата беше нестрпливо, или може се праеше фраер, па беше у поза како да се спрема да трча маратон. Јас го гледам, ги гледам и неговите 2 другарчиња кои исто така нестрпливо чекаат да ја претрчаат улицата, и успорувам.
Таман кога доаѓам на 3-5 метра од нив овој што се спремаше да трча маратон ми искача пред кола и ја застанувам на метар-2 од него. Го гледам уште стои, и полека тргнав напред и баш кога му се приближив спринт, дим да го нема... Не знам кој кур правење фраер пред кола, као, види, ќе избегам пред да ме згази колата... Иначе деца од околу 13-15 години....
Километар подоле, од кога ја поминав раскрсницата кај Симпо, еден тетовец со црна, изудирана астра караван ми сече пат. Возев во средна лента со околу 40-50 (пошто наближуваше семафор), тетовецов од лева лента (стоеше на семафорот) ми сече пат и се избацува во мојата средна лента... Легнав на ракетката за дугачко, блендирав, ама мува не го лази. Не ме изнервира ова толку многу колку што ме изнервираа неговите ненаштелувани прскалки на шофершајбната, цело стакло утоп ми го направика буквално.... Почнав да вријам...
Трета случка, се паркирам карши универзална и чекам старава да искочи од работа за да идеме дома. Пред мене беше паркирана една глупача со некое рено, и оставила 4 жмигавци пуштени минимум 10 минути (колку што и чекав на паркингот). Значи жмигавците како јако светат, ме оќоравеа. Па ако така се паркираш со 4 жмигавци, и ако ја оставаш колата 10+ минути, не ги ни пали жмигавците. Контролорите за паркингот баш тебе прво ќе те проверат дали си платил паркинг, баш поради тие јебени жмигавци...
И кога искачаше она од паркингот, ја пуштам долго светло за инает, пред неа. Она ме гледаше чудно додека искачаше од паркингот. Кога тргна да си оди од паркингот, ја ги изгаснав моите светла и она ме погледна у стилу: што му е на овој бе

И како шлаг на тортата... На раскрсницата позади универзална сала, кај тие зградите, пропуштам еден што доаѓаше од улицата десно од мене, пошто има предност. Он застанува мене да ме пропушти, а он има предност. И ја тука тргнувам поприлично нервозен, со чкрипка, а он си помислил дека го пропуштам па и он тргна во исто време со мене. Се укопа у место, и почна да свири.....
Дени сачувај........ Све ова во една релација од 3-4 километри.... #остваруваме