Копиле глупо, пијано ли беше издрогирано којзнае. Пред 20 мин на надвозникот горе на Ченто, на местото каде што се врти лево према автокоманда право се продолжува према ченто.
Јас давам жмигавец на време, да одам лево си се престројувам во таа лента, кога вртам лево имам навика да погледнам во левиот ретровизор поради вакви како овој што ќе го кажам.
Мајмунот со Корола од старине ме гледа дека сум со жмигавец, а јас го гледам на ретровизор се залетал и тргнува да ме претицува, значи влегува во спротивна насока, јас си прикочив ме помина и одеднаш не знае што праи лупа на кочница и чкрипи и лизга колата, трга да влезе во уличето за лево се предомислува бидејќи немаше простор, продужува право уште во обратна насока, сеуште лизга, а од таму иде камион, тој шоферот од таму го виде уште на време кога тргна да ме поминува, го виде дека не знае кај тера и застана. Сето ова се дешаваше некои си 5-6 секунди ама доволно за да се акнеше копилето не во мене можеби во камионот можеби во островот.
Па идиоту еден, да излезеш глава да му скршиш. Среќа што имам навика да погледнам во ретровизор затоа што да тргнев лево...