Не дека ме изнервира туку неможам да се изначудам како можи луѓето толку да се изгубени.
Сабајле брат ми имаше сообраќајка се удрија деца со Голф 5 на патот Битола-Ресен,одма после дешавката ставија трокут на патот да знаат другите возачи дека има препрека на патот.
Некој си возач го собра трокутот со се клоцната си го скршил картерот,лонецот му паднал.
Кога дојде полицијата стигнав и јас на местото на настанот,намести полицијата 4 знаци,2 светла ротирачки и 2 Јетија го обезбедуваја патот...Во рок од 2 саати ги собраа 3-те знаци и едното ротирачко светло на патот.Шо народ ќе бевме бе....