Ситуација 1:
„Македонија пат треба да се преименува во Македонија Другпат“... ќе беше смешно да не беше жално.
Вчера возев од Прилеп до Маврово, низ Пелагонија релативно чисти коловози, на самото искачување кон Барбарос (пред Дебреште) - острови од мраз и замрзнат снег на сред коловоз. Подетален опис во Ситуација 2.
Од М. Брод до Кичево се праувам дали воопшто поминал чистач - значи снег падна пред 5 дена, ако за 5 ( и со зборови - пет) дена не успеале да исчистат регионален пат, не ми треба министерот да каже дека „е незадоволен од работата на Македонија Пат“, и самиот гледам. Возење со 40км/ч и постојано пролизгување. СРАМОТА!!!
Ситуација 2:
На споменатото место (на излез од Ропотово, значи возам не повеќе од 50км/ч.), уште и се зафркавам со луѓето в кола : „ДА не сакате да се лизгаме малку?“, во истиот момент губење контрола над колата. Како што напишав, коловозот чист, на една височинка - остров од мраз и замрзнат снег на сред коловоз, се извртив 180 степени со потполно губење контрола и излетав од лева страна (се прежалив и дека ќе летнам во ендек и ограда) на патот.
Среќа, проширување на патот и длабок снег спречи пролизгувањето да биде потрагично.
Се обидував да си ја најдам грешката, и имајќи предвид дека не притиснав кочница во ниеден момент, пролизгувањето најверојатно е заради тоа што на самото преминување на височинката сум додалмалку гас (повторно, не бев побрз од 50км/ч.).
После првичниот шок, им се извинував на сопатниците дека не сум мислел навистина да се глупирам, дека само сум се зезал и слично...
Како и да е, ваква лекција немаше да научам на ниедни часови, а првпат возам во зимски услови. Фала Богу што заврши без поголема штета и повреди....