ме изнервира моментот кога на комбево ми откажа кумплунгот... абе ке полудев... не дека она не даде сигнали.. уште летово ми падна кумплунгот подоле, како заладуваше се подоле и подоле.. неколку пати се деси на стиснат кумплунг комбево само да почне да си трга, ама прееска беше врвот.. стиснав и си остана доле а комбето изрипа како нагло да сум пуштил педала... каде бе се...а, сред сезона, на договорени сервиси за утре... абе ке се мрднев, какви се мисли не ми пројдоа низ глава
среќа знам да возам со меѓу гас па се снајдов за до гаража да се довлечам... па боро почна да проверува и вика тече глицерин од долната хидро пумпа, таа што е на мењач и тоа машки тече... ајдееее.. вади ја боро, утре одсабајле во солид, роденденски да ме избричат за пумпа, за хјундаи комбе... ја извади, ја фрли на маса и туку вика.. чек малку... ја расклопи, и удри едно полирање од внатре, чепна низ гумиците по фиоките, извади оригинална хјундаина гумица за таква пумпа... вика: ми текна дека пред 10-тина години ми донесе еден 2 гумици, незнаел која му фаќала на неговото возило.. оваа била поголемата, таа била помалата.. е па моја среќа било.. и одма склопи, испуштивме воздух ТОП ситуација, за убав крај на нервозата....
ајде боро у локалното кафанче да к’снеме нешто... седнавме во кафанчето кое за греење има плински тајфун, печка на пелети и котел со радијатори на дрва. снема една фаза и тоа баш таа нај критичната за него... му се подпали плинскиот тајфун, почна да чури печката на пелети а котелот му зовре... ај спашавај ситуација што како, се среди се... таман заседнавме, прва пијачка дур чекаме скарата, ете ти до нас две маси се закошкаа нешто меѓу себе, се степаа... се разлетаа маси столици... ај боро да идеме на друго место.. излагаме од кафана, седнувам зад волан, излагам на булевар, оооп застани ај да дуваш... абе у три лепе материне... има ли крај баксузов за денес?