Абе поентата повеќе е во тоа што Амерички аутца кај нас нема, и ти делуваат поегзотично. Исто како што во Америка БМВ е поегзотично од Мустанг (рецимо). Кај нас секој еден клошар што пропра некоја пара или татЕ пропра некоја пара купи БМВ. Особено од тие селските БМВ, и јасно ми е зошто се створа некоја одбивност према поседувањето на БМВ, а особено на толку скапо БМВ. Јас не би сакал М3 од таа причина конкретно. Иако колата е измислена и ќе ја имам во некакво издание кога тогаш.
Мустангот го нема кај нас, или многу ретко. И тоа му дава посебен (Синалко) шмек. Не дека БМВто нема шмек, туку правам муабет за една друга расправа.
Незнам колкава е разликата во цена КАЈ НАС, за да би коментирал зошто не се продаваат кај нас коливе. А да се продаваа фордот исто ќе го возеше секој втор клошар (можеби) со пропрани 60к, од кои 90% ги фрлил на кола, а живее во плевната на татЕ. И таа кола ќе стане тапа која ќе сакам (можеби) да ја избегнам.