Автор Тема: Амортизери, Спирали, Суспензија  (Прочитано 434887 пати)

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1395 на: 03 Јуни 2016, 21:22:53 pm »
Дечки ај кажете кој стабилизатори да ги одберам за мерцедес е270 цди?!

1.Лемфордер - 1700 денари еден
2. ЦРВ (ако воопшто го разбрав добро мајсторот по телефон) 1550 денари еден
3. Оптимал - 1200 денари еден


Јас сум најмногу за лемфордерот, но ај мислење од вас. Значи за да траат подолго, да не треба по 10к км пак да ги менувам.
Лемфордер, еве на голфов 70 000 си немаат мака. :)
hrn каде ти понудија Билштеин?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1396 на: 15 Јуни 2016, 16:10:27 pm »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1397 на: 21 Јуни 2016, 23:04:58 pm »
Да, тежок е, треба тек да видам добри Bridgestone, за мене се синоним за евтин јапонски производ (ко и повеќето јапонски автомобилски производи).
Општо, како Octavia поднесува 18ки.  Дали колата има пристоен комфор, дали го има она постојано потскокнување и тежина на воланот, дали многу бучат гумите при вртење од 90 степени (на раскрсница).... твои впечатоци за тоа дали 18ките се соодветни за ова возило. Пример 19ките што имаше Audi TT-то што го возев беа несоодветни.

Се извинувам унапред на Инсајдс за постов...може да се премести надвор од темава.

Лошковичу..ова ти е поентата или нешто друго ?

Пак ке кажам..16 ки се идеални за колава..
Така спонтано си лежи ниско, без потреба од никакви модификации..плус со 50 ка профилче имаш нешто по мека вожња.
Си знаеле тогаш што , како и до каде треба.

215/50 R16.



А не денес..можеш да порачаш 18ка на 1.6 атмо јбт...

Чисто за инфо...
McLaren (стариот) доаѓа со фабрички 17 ки.
Еnzo до 18 ки.


Шкодава е најдобра кола за парите во кош со Мустангот..но пред се треба да е комфорна..па брза.
Не мора да се сложите.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1398 на: 22 Јуни 2016, 08:39:53 am »
Он поинт Стратро!

18ки на OPC Line или по ново на R-Line што се излага VW. Смешки. Возачот мора да знае која гума најдобро лежи на возилото. Хинт: обично е најмалата димензија по фабричка спецификација. Koла со шедитерска вожња не е кола на место.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1399 на: 22 Јуни 2016, 08:41:42 am »
Поголем бандаж се става ако не ја собира шепата во помалиот.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1400 на: 22 Јуни 2016, 10:20:42 am »
Што шепа ли има колава кога ја збира во 17 ки?

http://supercars.net.s3.amazonaws.com/blog/wp-content/uploads/2016/03/24164734/Screenshot-2016-03-24-12.48.38.png

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1401 на: 22 Јуни 2016, 10:22:36 am »
Не сите шепи што ги собира во 17ки се исти. Не сите коли се со иста тежина. Не сите плочки се со исти перформанси. Не сите дискови се со исти перформанси. Итн.

Плус, for fucks sake, системите за суспензија се значително напреднати во изминативе 20 години, па дозволуваат и поголеми тркала без преголема (или воопшто воочлива) разлика во комфор.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1402 на: 22 Јуни 2016, 10:29:33 am »
Види вака...јас и lawyer ( ако го памтиш) имавме исти дискови и предни шепи на Астрите.
Јас возев 17 ки, он 16 ки, така да она што пишал Дени не држи вода, односно кај сите Line модели само бандажот е поголем.
Во доплатата за поголеми бандажи сигурни не доплаќаш за подобри кочници. ..мислам ..тепаат кој нејќе.

Што се однесува до напредокот на системите суспензија, да може се напреднати, но далеку од тоа дека нема разлика во комфор.И те како има.
Сам имаш пишано дека (цитирам: "извиканите") 19 ки со кои се продаваше Инсигнијата се лош избор  за таа кола поради тоа што вожњата е претврда..а не треба да биде, бидејки станува збор за седан..како и Шкодава.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1403 на: 22 Јуни 2016, 10:35:51 am »
Да има голем напредок на ова поле, BMW m135 со 18ки има одлична вожња. Но проблемот не е искоренет, 19ките на актуелното ТТ се преголеми,  во ниеден модус на работа аудито не е комфорно.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1404 на: 22 Јуни 2016, 10:53:42 am »
Сам имаш пишано дека (цитирам: "извиканите") 19 ки со кои се продаваше Инсигнијата се лош избор  за таа кола поради тоа што вожњата е претврда..а не треба да биде, бидејки станува збор за седан..како и Шкодава.

insigniata so ja vozev so 19ki voopsto nemase tvrda voznja.Verojatno sve zavisi kolku nepotrebni masti imas vo teloto koi i prkosat na gravitacijata ;D

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1405 на: 22 Јуни 2016, 11:26:56 am »
Види вака...јас и lawyer ( ако го памтиш) имавме исти дискови и предни шепи на Астрите.
Јас возев 17 ки, он 16 ки, така да она што пишал Дени не држи вода, односно кај сите Line модели само бандажот е поголем.
Во доплатата за поголеми бандажи сигурни не доплаќаш за подобри кочници. ..мислам ..тепаат кој нејќе.

Што се однесува до напредокот на системите суспензија, да може се напреднати, но далеку од тоа дека нема разлика во комфор.И те како има.
Сам имаш пишано дека (цитирам: "извиканите") 19 ки со кои се продаваше Инсигнијата се лош избор  за таа кола поради тоа што вожњата е претврда..а не треба да биде, бидејки станува збор за седан..како и Шкодава.
Јас кажав како е кај сите коли. А тоа што сега е модерно да се ставаат колеми бандажи си е друг муабет. Инаку бандаж поголем се става за да собере поголема шепа. Инаку нема потреба, туку е моден детаљ.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1406 на: 22 Јуни 2016, 12:03:52 pm »
Стабилноста на колата при вртење и менување на лента при автопатски брзини е далеку посигурно, барем посигурно се чувствува возачот во Ауди А4 Б8 кое е опремено со 235/45Р17 одколку со 205/60R16. Верувам дека и шкодава со 16ки високопрофилни смешно нестабилна ќе биде. Едноставно не е проектирана за такви гуми.
И јас сум против 19-20ки гуми на овие класи коли, но 17-18 е сосема добар компромис за спортски настроен хеџбек и лимузина од средна класа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1407 на: 22 Јуни 2016, 12:05:36 pm »
205 VS 235 е многу повлијателен дел отколку 16 VS 17, очигледно.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1408 на: 22 Јуни 2016, 12:09:13 pm »
Како спомнав гуми, отиде денот.

Инаку, Skoda Octavia RS, варијанта 5E, во основната спецификација за Македонија, доаѓа со 17инчни тркала.

Поради големината на предните шепи + дискови, помало тркало физички не може да се смести. Уште поважно, најголемиот дел од афтермаркет 17инчни тркала се премали - не ги собира шепите. Тркалата од Шкода имаат поинаков профил за поголем clearance. Од тие причини, одбрав 18 инчни и не зажалив. Да не зборувам дека изборот на гуми за димензија 225/40/R18 е значително поразновиден.

Е сега - комфор. Се работи за возило со суспензија која е различна од стандардната (по-комфорна верзија). Комбинацијата од поголеми тркала, пониска позиција на седење, и делумно ревидиран распоред има за резултат пониско ниво на удобност од стандардната верзија на Octavia. Не мора да потврдувам дека на ова ценовно ниво, удобноста мора да биде делумно жртвувана на сметка на управливост и возечка динамика.

За потсетување, еве една од сликите на @Deni која му го валидира муабетот со шепите:


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1409 на: 22 Јуни 2016, 12:21:07 pm »
Дали твојава Шкода доаѓа со помали шепи/дискови ако ја порачаш со 17 ки?..или збориш за немање простор од око?

Инаку за мека вожња пресуден е пред се профилот на гумата...не големината на бандажот.
Пример..Крајслер 300 Ц имаше огромна 18 ка/19 ка бандаж но и и профил од 50 ка па нагоре..оттука и вожњата е удобна.