тачно, ја сум немал ама никаков проблем со електроника и немам намера да имам, сум слушал муабети ама само на слушање ми остана.
@Falanga јас пишав во таа тема ама еве ќе пишам и тука, јас имав проблем уште нова не сакаше да запали уствари немаше никаква струја ама излезе дека клемата не била стегната уште од салон кога ја земав така да си го решив проблемот и фала богу не сум имал проблем околу тоа до сеа. а и некој кажа дека на меганот едноставно неможеш на контакт да го оставиш поради палењето на дугме, мене ми изгледа дека кај твојот комшија е едноставен проблемот ама треба некој што малку се разбира да го чепне.
@Prcot знаев дека ќе реагираш на паркирањето на меганот па уствари и на твое инсистирање го паркирав во гаража оти не ја експонирам колата и си ја праам за свој ќеиф а верувај ќеифот ми е преголем и кон оваја и предходната шо ја имав, едноставно си уживам во колите. баш поради таа причина и не одам по различни мајстори и едноставно не давам да ми ја чепка секој колата па затоа ја носам сеуште на овластен сервис. еднаш отидов кај еден мајстор(по препорака) што работи со пежо и ситроен и тој искрено ми препорача да ја носам колата додека можам на овластен сервис поради електрониката и специфичноста на менување на некои делови за кој секој немал соодветен алат. е сеа ќе морам некои поголеми работи да менувам како плочки и каиши и пошто имаат во сервис ненормални цени си ги порачав деловите од турција и ќе им ги паркирам да ми ги сменат само
за бандажите и радиото имав среќа братучед ми го продаде меганот па ги зедов за ефтино и ептен очувани од проверен човек.
и во врска со сензорите не се гледаат пошто сликата е пред а сам си ги монтирав(се разбирам колку за толку) од горенаведените причини.