Автор Тема: Maybach - Втората и последна негова смрт!  (Прочитано 2731 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Maybach - Втората и последна негова смрт!
« на: 24 Февруари 2012, 04:32:49 am »
Wilhelm Maybach често викан и кралот на конструкторите веројатно се превртува во својот гроб заради тоа што на 90-от роденден на Maybach Dieter Zetsche ја затвори фабриката која го носи неговото фамилијарно презиме...

‘Господа пред вас е резултатот на најамбициозниот проект во историјата на автомобилската индустрија‘ со гордост рече Jurgen Hubbert 2002г во Њу Јорк представувајќи го Maybach 62,реинкарнацијата на славниот бренд на кој автомобилите своевремено беа најлуксузни и најголем производ на Германската автомобилска индустрија...
Името Maybach своевремено се споменувало не само во автомобилската индустрија,туку неговите мотори придвижувале и локомотиви,бродови,цепелини,автобуси,камиони и на крајот истоимените автомобили...

Wilhelm Maybach заради многу технички иновации се нарекува крал на конструкторите,својот талент првенствено го споредил со својот ментор Gottliebu Daimler во чија сенка бил уште од 1865г,да потоа по замислата на Emil Jelinek го направи првиот Мерцедес.‘Љубовта‘ пука во 1907г кога Wilhelm Maybach сватил дека својот талент и знаење може да го искористи во своја полза,така му се приклучува на својот син Karl кој пак води преговори со Грофот Zeppelin,околу тоа да конструира мотор за неговите ‘воздушни бродови‘,така во 1909г таткото и синот отвораат фабрика,од која после една година произведува мотори за цепелините на Грофот...

После Првата Светска Војна и забраната да не се произведуваат авионски мотори,Maybach се одлучува да произведува автомобили во Friedrichshafen,но тие автомобили да бидат луксузни и техничи рафинирани...Така после првите прототипи W1 и W2,кон крајот на 1919г на шасија од Мерцедес е представен конечниот модел W3,кој бил првиот Германски автомобил со сериски кочници на сите тркала,6цилиндарски мотор кој имал по 2 свеќички по цилиндар,12 V електрична инсталација....Кон крајот на 30-тите(на прагот на најголемата декаденција) Mаybach DS8 станал синоним за лускуз помеѓу автомобилите,истотака и најсилен автомобил кој дотогаш бил направен во Германија...Скоро 3 тони тежок и мотор со 200кс достигнувал брзина од 170км/х(во тоа време)...До 1941г Maybach произведил и поевтини автомобили како W6,SW35,SW38,SW42,но аристократот од Боденското езеро со нив по прав пат ја заврши својата кариера...

Иако МБ потроши и повеќе од 1милијарда евра,продажните резултати не беа добри и со само 3000 продадени примероци,шефот на МБ Dieter Zetsche одлучува да ја затвори компанијата по втор пат...Истотака Dieter Zetsche рече: Maybach никогаш не успеа доволно да се одалечи од МБ С-класа,со која скоро ја делеше производната лента,но името и традицијата не беа доволни во борбата со Бентли и Ролс Ројс...

Од досега произведените Maybach-ови ‘живи‘ се уште 152(барем за толку се има евиденција),дали за тоа е причина што некогаш важеше за најлуксузна лимузина,а сега нигерите ја направија хип хоп ‘икона‘,али тоа е тоа  ;D

[датотека избришана од администраторот]
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Maybach - Втората и последна негова смрт!
« Одговори #1 на: 24 Февруари 2012, 08:59:38 am »
Ружен беше на изглед и тоа го утепа.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Maybach - Втората и последна негова смрт!
« Одговори #2 на: 24 Февруари 2012, 09:14:14 am »
Не баш. Го утепа недоволната различност од S-класата, особено откако се појави новата (сегашната) S-Класа која стварно изгледа као Maybach. Едноставно, не цицаат весла купувачите - зашто да купам за 300.000 евра Мерцедес, кога за 100.000 евра го имам (мање-више) истиот?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Maybach - Втората и последна негова смрт!
« Одговори #3 на: 24 Февруари 2012, 09:45:02 am »
Како беше вицот? Гледам малку ги возат, изгледа не се задоволни од Мајбахот.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Maybach - Втората и последна негова смрт!
« Одговори #4 на: 24 Февруари 2012, 12:46:02 pm »
Според мене треба да го остаат Maybach како оддел за додатно „излуксузирување“ на Mercedes E и S класите. Pullman верзии, екстра прдолжени меѓуоскини растојанија, седишта со вибратори и вештачки пи*ки  и сл., за оние што сакаат да си кaстaмизираат луксуз  , да се обратат пак во Mercedes. И да си добие „Maybach" знакче  покрај ѕвездата. Аналогно на AMG спортскиот оддел, да си напраат Maybach луксузен.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Maybach - Втората и последна негова смрт!
« Одговори #5 на: 24 Февруари 2012, 13:10:50 pm »
Како АМГ, тачно!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Maybach - Втората и последна негова смрт!
« Одговори #6 на: 24 Февруари 2012, 13:20:34 pm »
 :)

[датотека избришана од администраторот]
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D