Автор Тема: Афтермаркет трип компјутер  (Прочитано 13764 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #15 на: 19 Февруари 2012, 13:31:10 pm »
Да, кај мене и тоа го покажува. Зависно од типот на компјутер кај возилото различни податоци ќе покаже, ама горе-долу се исти со додаток кај некои возила се гледа температура/количина на масло (вклучително и во менувачот) и други интересни податоци кои се корисни... Во принцип ова е дијагностички компјутер кој работи цело време и ви го снима работењето на колата, еден вид на црна кутија кај авионите...Кога ќе го приклучите Гарминот на компјутер имате еден куп извештаи за работењето на моторот... Мислам дека квалитетот и обработката на податоци е слична или иста како кај оние дијагонистички компјутери кои ги имаат помалите сервиси....

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #16 на: 19 Февруари 2012, 14:52:55 pm »
што знам некако многу пари за нешто што може да се прави со блутут обд и torque на било кој андроидец

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #17 на: 19 Февруари 2012, 14:57:21 pm »
И ова можеш да го користиш на Андроид, има посебна апликација од Гармин која е и дури помоќна од навигацијата.

И гармин екорут е блутут обд и чини 40 евра повеќе него кинески обд адаптер. Кинеските многу брзо откажуваат, а кој ти гарантира дека нема да ти го заебе компјутерот? Гарминот е тестиран и гарантира дека нема ништо да оштети со неговата работа. Па за 40 евра сигурно нема да ризикувам.

Инаку блутут адаптерот на гармин има можност да снима 50 часа возење. Значи ако не ви треба навигацијата не мора да ја уклучувате, возите 50 часа и ја уклучувате навигацијата и сите возења во претходните 50 часа ќе се снимат исто како да била уклучена навигацијата.

Плус на мобилниот неможеш да ги пратиш податоците во реално време (освен ако не го држиш во рака) а со навигацијата истите се интегрирани и многу лесни за гледање. Башка, колку кул изгледа кога го имам скринот со RPM. air mass, intake без никакви кабли околу... Ѓоа тркачка кола е  ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #18 на: 19 Февруари 2012, 15:04:10 pm »
Има во спаркот OBD?

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #19 на: 19 Февруари 2012, 15:08:59 pm »
Во Европа сите возила после 2001 мораат да имаат ОБД2 (бензин) а дизел после 2004. Меѓутоа најдобро е да провериш дали имаш ваков приклучок

http://en.wikipedia.org/wiki/File:OBD_002.jpg

Многу автомобили и пред тоа имаат ОБД2.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #20 на: 19 Февруари 2012, 20:02:55 pm »
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=206280  (мислам е 60 EUR за Bluetooth)

Torque го имате во Market (Android) и е бесплатно ;)


Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #21 на: 19 Февруари 2012, 20:08:37 pm »
Овој кинески блутут адаптер (кој е 30-40 евра поскап од гармин адаптерот) е најшугава работа која може да се стави во компјутерот на колата. Двајца пријатели имаа вакви им рикнаа после неколку недели. Ако некој сака ваков кинески блутут чинат по 15-20 евра во странство. Како што реков, никој го нема тестирано ниту некаква гаранција има, ако погледнете на страната на Гармин нивниот адаптер е тестиран на сите автомобили кои го подржуваат.

А и апликацијата на Гармин е исто така бесплатна. Дури и Torque може да се користи со Гарминот.

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #22 на: 22 Февруари 2012, 22:43:20 pm »
Кај нас каде може да се купи OBD bluetooth adapter?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #23 на: 22 Февруари 2012, 22:47:03 pm »
Кај нас каде може да се купи OBD bluetooth adapter?

на една популарна интернет страница која има безплатен шипинг.... да не правиме реклами сега

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #24 на: 22 Февруари 2012, 23:03:46 pm »
видов ПП. Thanks

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #25 на: 09 Мај 2012, 09:25:15 am »
Во Европа сите возила после 2001 мораат да имаат ОБД2 (бензин) а дизел после 2004. Меѓутоа најдобро е да провериш дали имаш ваков приклучок

http://en.wikipedia.org/wiki/File:OBD_002.jpg

Многу автомобили и пред тоа имаат ОБД2.

Според еден мајстор :) имам OBD2 конектор, а интерфејсот е ALDL (OBD1) со други зборови...слотот е OBD2 - протоколот за читање е OBD1.

И еве чекам да се поканам да одам кај еден мајстор кој што претходно ја има ставено на компјутер и работеше да видам дали има OBD2 или е ALDL.


Отсутен mrmut

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 731
    • http://VisitsToMoney.com/index.php?refId=601060
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #26 на: 09 Мај 2012, 19:11:51 pm »
Е ова е џиџи миџи е па сега опрчисе пари во прво време ќе зјапаш во него а после ќе го продаваш

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #27 на: 09 Мај 2012, 21:13:37 pm »
Е ова е џиџи миџи е па сега опрчисе пари во прво време ќе зјапаш во него а после ќе го продаваш

За мене не е џиџи миџи, имаш голем број на информации кои не ти ги дава на табла и целосно снимање на работата на моторот со аматерска дијагностика (како онаа што ја добиваш во сервиси со дијагностика, не професионална во овластени дилери) и имаш увид доколку се јави било каков проблем во најрана фаза за да интервенираш. За мене тоа не е џиџи миџи. Јас веќе 3 година го возам и после 80.000 км не ми е здосаден и којзнае колку посети кај механичар ме има заштедено за ова време.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #28 на: 11 Мај 2012, 20:51:36 pm »
Остатокот е преместен во ГПС уреди за навигација и нивни алтернативи во Генерално за  автомобилите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен chamush32

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Афтермаркет трип компјутер
« Одговори #29 на: 18 Јуни 2012, 16:52:40 pm »
Нов сум на форумов па едно здраво на сите.
Ме интересира дали може да се угради борд компјутер на кола која што фабрички го нема и колку би чинело сето тоа.Станува збор за Пежо 307 1.4 ХДИ 2002 год.
Фала,