Ова е Гармин (мислам дека моделот е 2460LMT) на него има Блутут и Трафик ресивер. Го купив нешто под 250 евра во супермаркет во Франција, има неограничени апдејти на мапи, хендсфри преку блутот за телефон, трафик...многу опции.
Трафик ресиверот добива на секои 3-4 минути состојба на патишта (каде има гужва, застој, затворен пат итн) во реално време (го има низ цела Западна Европа) и ми сигнализира ако на рутата по која возам има застој или гужва и ми дава алтернатива.
За 90 евра го купив нивниот Гармин Меканик Екорут (кој е направен за блутут Гармин) кој се приклучува на ОБД2 портата и постојано стои уклучен таму. Штом се запали колата веднаш праќа сигнал се пали и гарминот. Гарминот регистрира повеќе информации, зависно од возилото може да покажува температура на масло, количина итн, кај мене покажува 12 информации мислам од кои 5 можат да се стават на екранот, најпотребните.
http://gbr.garmin.com/ecoroute-hd/Исто така ги мери километрите поминати со секое полнење гориво и со отчитувањето на моменталната потрошувачка дава прилично точни информации, а исто така го запазува забрзувањето, кочењето и одржувањето на брзина и после секое возење може да се види освоениот скор во економично возење - можете да видите кои ви се слаби страни и како да го подобрите возењето.
Најинтересна работа за мене е што Гарминот исто така може да ги прочита ерор кодовите и да го ресетира чек енџин светлото. Значи работи и како сканер за кодови, може да ги ресетира сите што ќе се појават, кодовите треба сами да си барате на интернет што значат.

Мене ми требаше добар Гармин (со трафик репорт и бесплатни апдејти на мапи) бидејќи патувам навака натака, ама истиов сетап, со поефтин Гармин (без трафик репорт, само блутут) би требало да биде нешто под 300 евра, дури и поефтино. Одличен гаџет ако сакате да ги гледате параметрите на моторот во живо и да обраќате внимание на потрошувачката.
Ова се исплаќа ако го купувате заеднички како навигација и да си го докупите и блутут адаптерот на Гармин, ако користите секој ден навигација, добра работа е.
Често патувам ако некој не може да најде во Македонија (или сака за поефтино) можам да донесам неколку апаратчиња без проблем.