Гласање

Кој од овие автомобили би го избрале?

Toyota Aygo - 8990 EUR
21 (12.3%)
Peugeot 107 - 8800 EUR
7 (4.1%)
Citroen C1 - 7990 EUR
15 (8.8%)
Hyundai i10 - 7490 EUR
7 (4.1%)
Kia Picanto - 8350 EUR
9 (5.3%)
Volkswagen Up - 8700 EUR
26 (15.2%)
Fiat Panda - 8300 EUR
40 (23.4%)
Chevrolet Spark - 6390 EUR
13 (7.6%)
Ford Ka - 9500 EUR
8 (4.7%)
Renault Twingo
18 (10.5%)
Suzuki Alto
7 (4.1%)

Вкупно гласови: 95

Автор Тема: Супермини градски автомобили..  (Прочитано 56389 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Супермини градски автомобили..
« на: 18 Февруари 2012, 19:22:37 pm »
Сакав да го почнам муабетов во темата за автомобилски новитети, ама мислам дека е подобро во нова тема.

Значи, опциите се следните, за секој модел е наведена основната цена според ценовникот изложен на веб-страниците на импортерот. Не ми се буричка кој што опрема носи, и у принцип, во оваа категорија не е нешто посебно битно.

1. Toyota Aygo - 8990 EUR
2. Peugeot 107 - 8800 EUR
3. Citroen C1 - 7990 EUR
4. Hyundai i10 - 7490 EUR
5. Kia Picanto - 8350 EUR
6. Volkswagen Up - 8700 EUR
7. Fiat Panda - 8300 EUR (Сегашната / стара Panda)
8. Chevrolet Spark - 6390 EUR

Пропуштам некој модел?

Мене одувек ми се свиѓал троецот 107/C1/Aygo - генијални мали возилца, совршени за во град, со многу простор, економични моторчиња и еден тон шарм. Пикантото го имав на тест и ми остави мошне позитивен впечаток, мада беше со фул опрема, а тоа малку ја изместува перцепцијата. i10 е сасвим добар, иако дизајнот не ми се допаѓа и ентериериот е убедливо најдоле од сите тука листани. Моторот е истиот што се вградува во Пиканто. Со Volkswagen up немам некое искуство, освен што го чачкав во салон прееска. Импресионира квалитетот на финалната изработка и користените материјали во оваа класа на возила. Ќе видиме каков ќе биде за возење, али понудата на простор е фантастична.

Не го ни спомнувам Fiat 500. 500-ката е моден додаток, и почнува со цена од 10.950 еврони.
« Последно менување: 18 Февруари 2012, 19:53:46 pm zeroSignal »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #1 на: 18 Февруари 2012, 19:26:28 pm »
Па само шо Фиат Панда ја заборави.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #2 на: 18 Февруари 2012, 19:28:04 pm »
Eeeej, да! Точно.. Мада, сеуште чекаме на новата Панда во Македонија.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #3 на: 18 Февруари 2012, 19:28:27 pm »
UP нуди чувство на доста поквалитетно возило од другите. Внатрешноста е одлична за таа класа на коли.

Единствено друго кое би го погледнал доколку го најдам за барем 1000 евра помалку е Ајго/Панда, а за 1500-2000 поефтино може и 107/Ц1. Другите не доаѓаат во предвид.

Со оглед на дадениве цени, и на тоа што другарка си зема Ајго за 8000 евра, гледам деак цените се доста блиски. А за иста или слична цена, би го избрал она кое прави да се чувствувам најубаво.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #4 на: 18 Февруари 2012, 19:32:11 pm »
Дефинитивно прв избор би бил VW Up!. Зошто? Не знам, можеби Дени е одличен фотограв, а можеби и колата е едноставно привлечна и функционална. Совршен рецепт за мало градско возило.

Второ место го делат Пиканто и Пежо, од кои за Пикантото можеби и имам грешен впечаток заради тестот на CARClub.mk (исто поради опременоста).

Понатаму не е ни важно. Единствено што ме интересира е зошто Цитроенот толку двои со цена од сродните браќа.

P.S. 9000 евра не би ги дал во никој случај за толку малку кола.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #5 на: 18 Февруари 2012, 19:32:39 pm »
Цитроен Ц1 дизелче, од горе наброеново мене најдобар впечаток ми има оставено.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #6 на: 18 Февруари 2012, 19:36:40 pm »
Дизел во оваа класа на возила е тотално неисплатлива инвестиција - трошат многу малку и бензинчињата. 107 троши околу 5 литри, Пикантото нешто помалку.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #7 на: 18 Февруари 2012, 19:39:40 pm »
И твоево држи вода јас конкретно споредував меѓу ајго бензинец и ц1 дизел зашто тоа сум возел сеа незнам како е цената на бензинец спрема дизел и дали се исплати да го платиш повеќе во старт
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Присутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #8 на: 18 Февруари 2012, 19:41:10 pm »
Башка дизелите во оваа класа имаат страшно набиени цени.Како и да е ова се високи цени за толку мали возила.Up колку што можев да видам нема клима во таа опрема а претпоставувам дека и другите немаат.Доколку земеш најопремен Up и дадеш неверојатни 11000е евра ќе си купиш поло,фиеста,свифт солидно опремени,по мене нема логика.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #9 на: 18 Февруари 2012, 19:43:53 pm »
Истата логика важи и кај (скоро) сите други, а опременоста е сосем друг муабет. Најопременото Пиканто е 11.500 евра.

За парите за најопремено возило од било која класа секогаш можеш да земеш возило од поголема класа, со прифатлива опрема.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #10 на: 18 Февруари 2012, 19:44:09 pm »
А што ќе ти е толкаво ниво на опременост во количка која ти е за бркање работа низ град, едино што е корисно во вакво количе е клима.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #11 на: 18 Февруари 2012, 19:44:53 pm »
Exactly my point.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #12 на: 18 Февруари 2012, 19:47:56 pm »
Сестра ми вози Панда, 2006та произведена, до сега 140 000 поминати, немало дефект, јас сум презадоволен, јбг стар модел е, внатре тврди пластики ама си вреди...само кочницата е мн осетлива,ама лесно се навикнува на неа...Потрошња околу 7 и пол во град...А за UP нормално да е пред сите зашто моделот само што го пуштија во продажба...Другар има Ајго (го доби на наградна игра педерот) и за него, висок 187-8 со 90кг е тесно...

Присутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #13 на: 18 Февруари 2012, 19:49:56 pm »
Муабетот ми е дека и најобремените верзии кај овие брмчалки не се богзнае како опремени,немаат ништо повеќе од тие што се класа погоре.Па кој будала би дал 11.500 за пиканто или било кое од горенаведениве возила.
Мислам дека овие возила треба да имаат се што најпотребно во основната цена,ама па кој ме прашува мене што треба,битно се продаваат овие возила на кој е штедено до максимум,пустите дури ни подкрила немаат!

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Супермини градски автомобили..
« Одговори #14 на: 18 Февруари 2012, 19:52:09 pm »
Стави го во листата Тико-то и имаш најдобро ауто за низ град со еден услов да отвориш 6 очи зашто ако те акне некој си наебал :D