Автор Тема: Проблем со Megane 2011 1.5dci  (Прочитано 21316 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #60 на: 16 Февруари 2012, 23:27:13 pm »
Најверојатно до толку не чини. Друг пример е службена Лагуна 2008 1.5DCI на мој близок другар (на Фаланга школски му е, па ако некој мисли дека измислувам приказни нека побара од Фаланга да праша за да потврди), која за една година помина 50000km на отворена пат. Лагуната внатре крцкаше од сите можни страни, ама буквално од секаде, како да има поминато 500000km и да е стара 20 години. И ред други примери, да не ги наведувам, ги има и на форумов. Како и да е за мене Рено како бренд ко да не постои, т.е. во секој случај ќе го прескокнам.
gOJDO прочитај прво каков пример даваш, свесно или не свесно незнам... Ти крцкала лагуна која за една година поминала дури 50 000 километри, то ти иди по 136 километри на ден, па ти бе чоек не на отворено, ако сакаш летај со маздата или било која друга кола и дојди да ја видиме после дали ке крцка или ќе биди како нова  :o :o Маздата твоја за 6 години има поминато дури 46 000км, а тука кажваш како реното крцкало со 50 000 за една година. Па алал да му е, и да крцка и да не крцка си ја завршило работата. Сам даваш пример дали се квалитетни или не, по толку километри поминати за толку кратко време, колата само кркала. Ај баш прашај го, како нашол време да оди по сервиси, кога нон стоп бил на пат, оти не чини реното, и сигурно има ојдено барем 5-6 пати во сервис ???

Avensis 4 godini star skoro 200 iljadi sluzben, ni krcka ni preta.

Sekoja lola moze da se proebe i rasipe, ova gore e primer za reno bidejki i temata e za problem so reno.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6795
  • French diamond
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #61 на: 16 Февруари 2012, 23:31:42 pm »
Е арно де, ама ти не кажваш, шо стана со колата? Испадна генерално е за праење или ?
Абе како не кажав?
Кажав дека човекот ја шлепаше колата до сервис. Таму ја примиле и рекле дека ќе му се јават штом ја завршат и поправат. Му се јавиле после 15-20 минути да му кажат дека ништо не и било на колата и дека џабе ја носел. Отишол, ја земал, не му побарале ништо пари. Пробал да се разбере со нив ама демек они не наишле на проблем и ја запалиле од прва. Утре пак ќе го видам па ќе го потпрашам подетално. Али во принцип тоа е тоа.
my mistake  :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #62 на: 16 Февруари 2012, 23:33:19 pm »
Што е апсурдно другаров не се јавил дирекно во сервис туку прво се јавувал на квази мајстори кои му нагаѓале по телефон што е проблемо како ние сега што праиме, па откога „мајсторот“ не го лоцирал проблемот по телефон му текнало да се јави кај овластениот сервис а колата уште му е под гаранција.... Сигурно не слушнал за прекинување на гарантниот рок ако чепкаш нешто во врска со колата. И + заборавив да напоменам Рено има услуга која се вика Renault Assistece која додека си во гарантниот рок било каде во светот те остави возилото доаѓа шлеп служба по тебе и ако не можат да го решат проблемот на лице место ја носат во најблискиот овластен сервис а тебе ти даваат заменско возило...

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #63 на: 16 Февруари 2012, 23:35:43 pm »
Измислени ситуации-само за да се добие поголем рејтинг,али нема везе.

P.S.Не возете megane,polo,и.т.н.-се расипуваат!



P.P.S.Купете си шеви спарк и возете се раат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #64 на: 16 Февруари 2012, 23:39:42 pm »
Еј бог да чува...

Се извинувам што ве навредив оти колата на другар ми рикнала... ебаве тоа

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6795
  • French diamond
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #65 на: 16 Февруари 2012, 23:40:03 pm »
Измислени ситуации-само за да се добие поголем рејтинг,али нема везе.

P.S.Не возете megane,polo,и.т.н.-се расипуваат!



P.P.S.Купете си шеви спарк и возете се раат.
И мазда секако.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #66 на: 16 Февруари 2012, 23:40:44 pm »
Е арно де, ама ти не кажваш, шо стана со колата? Испадна генерално е за праење или ?
Абе како не кажав?
Кажав дека човекот ја шлепаше колата до сервис. Таму ја примиле и рекле дека ќе му се јават штом ја завршат и поправат. Му се јавиле после 15-20 минути да му кажат дека ништо не и било на колата и дека џабе ја носел. Отишол, ја земал, не му побарале ништо пари. Пробал да се разбере со нив ама демек они не наишле на проблем и ја запалиле од прва. Утре пак ќе го видам па ќе го потпрашам подетално. Али во принцип тоа е тоа.
Абе што ти реков јас јадат само г*мна колку да ти замачкаат очи убаво нека запне нека добие вистинит одговор нека не го еб*т у здрав мозок демек ништо не и беше...

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #67 на: 16 Февруари 2012, 23:42:24 pm »
Јас незнам зошто толку бурно реагирате, па не се работи за вашето возило што го имате, туку се работи за возило од истата фирма. Доколку јас имам Opel незначи дека за секое нивно возило треба да докажувам дека нема шанса да се случи дефект. Чим е машина, кад тад, нешто ќе под-откаже, само да не е нешто посериозно. А за тоа со 50.000км.. тоа не е ништо.. квалитетна кола треба да помине 300.000км без посериозен дефект  :) Рачунајте пола од увезениве ги имаат надминато овие бројки и пак се вратени на 100.000... и доста од нив се држат и си се возат.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6795
  • French diamond
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #68 на: 16 Февруари 2012, 23:45:15 pm »
Во право си, ама не е еднаш ова нивното. А видат тема со проблем, еве на рено да речиме, одма одредени членови трчат да пишат нешто против. Лично не ми смета, нека си пишат, ама ете сега баш нешто ме натера да се замешам  :)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #69 на: 16 Февруари 2012, 23:51:06 pm »
Леле тој пустиот човек има еден меган,сестра му на гојдо има едно клио и сепак неможат да излезат од сервис.

Јас па што да кажам со две рено возила,еве сега дури се прибрав од кај мајсторот ми ја правеше кантата зошто обично насабајле си ја возам па после поручек си одам кај мајсторот неколку саати да проба да ми ги опраи кантите за наредниот ден можам да ги возам.

Тоа е живот јебига,таква ми била среќата да си купам две канти и да не искочам од сервис.

Извинете ама неможев да се воздржам зошто се почуствував ретардирано зошто сум купил две канти!!!


Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #70 на: 16 Февруари 2012, 23:54:15 pm »
gOJDO прочитај прво каков пример даваш, свесно или не свесно незнам...
Примерот е многу добар. Купуваш лимузина за возење по автопат и како таква ја употребуваш. Не знам што е нелогично во примерот.
Цитат
Ти крцкала лагуна која за една година поминала дури 50 000 километри, то ти иди по 136 километри на ден, па ти бе чоек не на отворено,
Да де, за една година, а не за 20 години. Секој ден од Понеделник до Сабота возење Скопје - Градско и назад. За една година вградените материјали треба помалку да изгубат од своите својства одошто за 2, 3 или повеќе години и иста километража и темпо на возење.

Цитат
ако сакаш летај со маздата или било која друга кола и дојди да ја видиме после дали ке крцка или ќе биди како нова  
Се кладам дека на 250000 ќе крцка помалку одошто таа Лагуна на 50000.
Цитат
:o :o Маздата твоја за 6 години има поминато дури 46 000км,
Маздата моја имаше поминато 46000 за 5.5 години и од никаде не крцкаше. Моментално има 70000, значи нешто над 20000 имам поминато за една година од кои пола на отворено, а пола низ град. Од никаде не крцка. Светлосни години разлика во однос на 1 година старата Лагуна.

Цитат
а тука кажваш како реното крцкало со 50 000 за една година.
Да, тоа значи дека е срање изработена. Чкарт. На времето татко ми имаше Мерцедес 123 240D, дури и по 20 години и 180000 поминати од никаде не се слушаше крцкање. Ама од никаде, дури и кога ќе возеше по калдрма.

Цитат
Па алал да му е,
Го шитнаа, а другаров вели дека нема никогаш повеќе да купи Рено.

Цитат
и да крцка и да не крцка си ја завршило работата.
ОК, ако ти мислиш дека колата треба да ти служи 1 година и/или 50000km ок. Јас мислам дека треба многу повеќе, а и производителиве кои даваат гаранции на 5 години и/или 150000km.

Цитат
Сам даваш пример дали се квалитетни или не, по толку километри поминати за толку кратко време, колата само кркала.
Како што кажав, тоа што се поминати за кратко време е само во прилог на тоа да не се раскрцка колата, затоа што времето исто така ја раскрцкува. Друго, реков дека е на автопат, значи многу помалку се износени компонентите одошто кога би се возела во градски услови. 50000km возење на отворено е ко да возиш 25000km низ град.

Цитат
Ај баш прашај го, како нашол време да оди по сервиси, кога нон стоп бил на пат, оти не чини реното, и сигурно има ојдено барем 5-6 пати во сервис ???
Редовно е носена на сервис. А дали чини, кој како сака нека си процени. За мене Лагуната беше срање, исто ко на сестра ми Клиото.

BTW, и другаров имаше и Клио, но со него поминуваше 5-6000 годишно и беше генерално задоволен, па затоа се заеба да купи Лагуна.

И уште нешто, не знам зошто толку лично го сваќаш ова што го пишувам за Рено. И претходно го имам пишано и исто си реагирал. Ко да ти псујам нешто у фамилија. ОК, ти си задоволен со Рено, твое си е. Ама не значи дека сите треба да бидат задоволни, а кога веќе некој ти укажува дека од лично искуство Рено го има разочарано прифати го како што прифаќаш дека Интер е многу подобар од Брегалница. Па добро и дека Мазда е многу поквалитетна  од Рено. Статистиката тоа го потврдува.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #71 на: 16 Февруари 2012, 23:58:08 pm »
Леле тој пустиот човек има еден меган,сестра му на гојдо има едно клио и сепак неможат да излезат од сервис.

Јас па што да кажам со две рено возила,еве сега дури се прибрав од кај мајсторот ми ја правеше кантата зошто обично насабајле си ја возам па после поручек си одам кај мајсторот неколку саати да проба да ми ги опраи кантите за наредниот ден можам да ги возам.

Тоа е живот јебига,таква ми била среќата да си купам две канти и да не искочам од сервис.

Извинете ама неможев да се воздржам зошто се почуствував ретардирано зошто сум купил две канти!!!


Тоа бе бушав тоа го чекав! И јас сакав тоа да пишам ама викам ај да не бидам сам, нели прееска се видовме у сервис мајсторот пробуваше да ја скрпи мојана одвај до дома се довлечкав ама ете сеа у озбилни преговори сум да си купам лично моја канта што се вика меган пошто ми се уарни да висам по сервиси

@гОЈДО кажи од шо се заебал дугар ти дека му крцкала? Кажи ми ти дали за тие 50 000 дали еднаш отишол у севис за некој дефект.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6795
  • French diamond
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #72 на: 16 Февруари 2012, 23:58:36 pm »
Така нека биди, нејќам да се замервам за глупости.
Само сигурно заборај да напомениш, дека одвај ги продал Лагуната и Клиото, и со парите од двете си купил нешто јапонско?  ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #73 на: 17 Февруари 2012, 00:03:00 am »
Така нека биди, нејќам да се замервам за глупости.
Само сигурно заборај да напомениш, дека одвај ги продал Лагуната и Клиото, и со парите од двете си купил нешто јапонско?  ;D
Си купи Фиеста и Фокус. Позадоволен е од Фиестата одошто од Клиото, а од Лагуната беше незадоволен па не може да се прави споредба со Фокусот од кого до сега не се пожалил. А за квалитетот, ко што пишав Јапонските брендови се Бундес лига, а Рено е Брегалница.

@гОЈДО кажи од шо се заебал дугар ти дека му крцкала?
Да, неподносливо. Секој ден да поминуваше по 3 саати во кола и за сето време му крцкаше од сите страни. А колата е наводно нова, нема ни година дена.

Цитат
Кажи ми ти дали за тие 50000km дали еднаш отишол у севис за некој дефект.
Не колку што знам, но зар треба да му случи дефект до 50000km? Знам дека на лагуната од S16 на помалку од 50000 и рикна турбината, ама тоа не е нормално за квалитетните возила. За Рено не знам дали е нормално, мислам не е, ама нека ме поправи некој навијач на Рено.
« Последно менување: 17 Февруари 2012, 00:13:05 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #74 на: 17 Февруари 2012, 00:03:13 am »
Зар имаше потреба темава ваква насока да фати? Еве што велат на други нормални форуми за ваков опис на проблем:

key card not detected. the smt coil inside the card has a dry joint on it so sometimes will/willnot work. its caused by having keys hanging off the car when driving hence bending card in the slot

Не знам дали е ваков случајот. Можно е?