не мислам во смисла на снаоѓање низ гужви и слично, туку мислев на начинот на кој ги возат колите, и начинот на кој ги одржаваат. Ич не ги боли, дали светнало check engine, дали му фали антифриз, масло и слично, туку најважно му е да запали колата и доста е... Епа како ќе си ја одржаваш, така и ќе ја имаш.
Абе ајде, не збориме за 100 години старо возило. Збориме за нова канта која е под гаранција и на која се прави редовен сервис во овластен сервис. Три пати ја носи кантата во сервис и викаат дека проблемот бил до електроника и као наводно го решиле...три пати, а не еднаш од кои два пати со две мали деца и од кои еднаш и ја дига пајак па си плаќа казна и за тоа. Да ти се намочам и во кантата и во овластениот сервис.
А да направела сестра ми бар нешто кое би можело да има некаква поврзаност со дефектите, одма ќе ја обвинеле, ќе и поништеле гаранција и ќе ја натерале да си плати поправка на кантата.
А тоа да ти се запали чек енџин на ауто кое е под гаранција кое редовно е одржавано во овластен сервис и е точено со квалитетно гориво е само показател на неквалитет. Нема простор изгорвори и оправданија.
@Bugar
Најверојатно до толку не чини. Друг пример е службена Лагуна 2008 1.5DCI на мој близок другар (на Фаланга школски му е, па ако некој мисли дека измислувам приказни нека побара од Фаланга да праша за да потврди), која за една година помина 50000km на отворена пат. Лагуната внатре крцкаше од сите можни страни, ама буквално од секаде, како да има поминато 500000km и да е стара 20 години. И ред други примери, да не ги наведувам, ги има и на форумов. Како и да е за мене Рено како бренд ко да не постои, т.е. во секој случај ќе го прескокнам.