Автор Тема: Форд Фокус МК 2 - Корозија  (Прочитано 15014 пати)

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Форд Фокус МК 2 - Корозија
« на: 14 Февруари 2012, 04:38:39 am »
.

« Последно менување: 04 Мај 2012, 22:22:45 pm zippo »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #1 на: 14 Февруари 2012, 04:48:47 am »
Мислев дека Форд ги надмина овие проблеми,ама по се ми гледа дека не ги надминал ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #2 на: 14 Февруари 2012, 07:48:07 am »
Воопшто не би ме чудело да се ова поплавени возила, па испорачани на Балкан. И така на овој или оној начин го собравме целото ѓубре Европско. Треба да се провери на Форд форуми во Германија и Англија дали го имаат истиот проблем.

Надворешна корозија не би требало да има воопшто, и не треба да дрндаат со „тоа е нормално“ муабети. Едно брзо Гуглање ме однесе до тука (кликнете по линковите, може да не носи одма на вистинската страна), каде што вика дека Ford дава 12 години гаранција на заштита од корозија:

"Your Ford bodywork is covered against perforation by rust, from the inside or underside, for 6 to 12 years, depending you vehicle. However, surface rusting caused by scratches or stone chips, isn’t covered."


Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #3 на: 14 Февруари 2012, 08:08:06 am »
Парадоксалната работа е што не се само фордови ....
2-3 месеци по огромните поплави, татко ми кој патем работи на шпедиција напомна уште тогаш дека почнале да царинат еден куп коли од тие региони ...
И уште тогаш викаше, де бе, толку ли луѓево не пратат вести?

Околу 150-200 возила за пола година увезоа само преку неговата шпедиција .. Сега тој крш се вози секаде низ Македонија ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #4 на: 14 Февруари 2012, 09:07:32 am »
Има гаранција од корозија, мора да се пожали, ако треба и судски да се реши. Сликиве се доволно, а сигурно може да направи и од уште делови. Поготово за каросеријата. Нема простор за паника.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #5 на: 14 Февруари 2012, 09:34:49 am »
Ова е заеб невиден. Јасмислам дека за ова се виновни дилерите на возила. Тие сигурно го имаат купено фордов по половина цена а го имаат продадено по цела цена. Не е можно Форд да застане зад гаранцијата што ја дава а не е ни можно Форд да не знае дека ова ќе му се случи на возилото ако дреме некаде поплавено во вода.

Што би рекле секој демне да те ебне.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #6 на: 14 Февруари 2012, 10:23:28 am »
Не ми е јасно, како еден бренд како Форд свесно го направил ова, знаејќи за лошиот публицитет што ќе произлезе.
Ама сигурно логиката им е, подобро да заебеме Балканци, кадешто на запад никој не им верува, отколку ова да се случи во некоја западна земја, кадешто и те како ќе се одрази врз продажбата и кредибилитетот на брендот.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #7 на: 14 Февруари 2012, 10:28:29 am »
Оваа корозија најверојатно е резултат на некоја поплава, возило од 5 години не може да појави вакви знаци на корозија.
И колку што можам да забележам не се работи за галванизиран лим доколку се работеше за галванизиран лим бојата и да е оштетена лимот си седи како нов не го зафаќа корозија.
Ради оваа причина не би купил возило кое не е заштитено со галванизација по наше читај поцинкувано, ма колку сака нека е добра понуда и со добра опрема по лошо нешто од корозија нема.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #8 на: 14 Февруари 2012, 10:43:53 am »
Кога ги гледав првите слики си помислив Како поплава да го фатила и на крај испадна дека 90% е стварно поплавен :)

И првите модели на Civic имаа ситни проблеми со корозија, ама ситни, не цела кола како фордов.

Браво Zippo што ја отвори темава, не како повеќето на форумов кои не напишале лош збор за марката која ја сакаат/возат. Или па и да има нешто вакво, одговорот им е Ништо страшно.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #9 на: 14 Февруари 2012, 10:58:40 am »
Ова е заеб невиден. Јасмислам дека за ова се виновни дилерите на возила. Тие сигурно го имаат купено фордов по половина цена а го имаат продадено по цела цена. Не е можно Форд да застане зад гаранцијата што ја дава а не е ни можно Форд да не знае дека ова ќе му се случи на возилото ако дреме некаде поплавено во вода.

Што би рекле секој демне да те ебне.

јас незнам дали само дилерите ама најголем буљаш ако стварно го има продадено е самиот FORD кој дозволува такво возило да дојде до купувач

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #10 на: 14 Февруари 2012, 12:41:08 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 22:23:14 pm zippo »

Отсутен Toni101

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 87
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #11 на: 14 Февруари 2012, 12:52:12 pm »
Треба да се провери дали е изолиран случај. Ако имаш влажна гража многу побрзо ке покаже корозија одколку да ја чуваш надвор колата.

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #12 на: 14 Февруари 2012, 12:56:39 pm »
.
« Последно менување: 04 Мај 2012, 22:23:28 pm zippo »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #13 на: 14 Февруари 2012, 13:15:14 pm »
Zippo, баш прочитав и затоа и реков, не смее импортерот да паламуди „надворешни услови“ итн. Кој и да е човекот што има проблеми, треба да си го контактира Форд Германија (или кој и да е принципалот за Хрватска) и да си се пожали, исто како што направил на форум - со слики, опис, точна километража, старост итн. Тоа што се случило на колата не смее да се случи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Форд Фокус МК 2 - Корозија
« Одговори #14 на: 14 Февруари 2012, 13:24:21 pm »
Zippo, баш прочитав и затоа и реков, не смее импортерот да паламуди „надворешни услови“ итн. Кој и да е човекот што има проблеми, треба да си го контактира Форд Германија (или кој и да е принципалот за Хрватска) и да си се пожали, исто како што направил на форум - со слики, опис, точна километража, старост итн. Тоа што се случило на колата не смее да се случи.
Taка де, не треба ни тој да паламуди туку да си се пожали кај што треба. Дур не знаат горе, џабе форумот јак.