Јас имав Вектра со 2.0 ДТЛ мотор, тоа е практично ДТИ само без интерулер. И бев презадоволен, го продадов со 220 000 пред година дена а сега колата има преку 240 000 км без никаков поголем проблем проблем.
На колата јас имав сменето, МАФ Сензор, сензор на радилица ( незнам како се вика) и пумпа за кочници.( почна да пушта гумицата, можев само гумица ама јас ја сменив цела пумпа).
За други проблеми што имав читано а ми се немаа случено на мене, беа проблеми со електрониката на бош пумпата, не така ефтин дефект, и на мој близок му се има случено да му откаже МАФ сензорот на сред магистрален пат при претекнување.Непријатен дефект во непријатна ситуација.
Коли со овие мотори вртат многу километри, во муабет сопственик на такси компанија од Струмица, која има само Вектри со ваков мотор вика дека до 500 000 вртат без проблем а од 500 до 600 000 веќе се јавуваат проблеми во моторот.
Го препорачувам на секој што може да си го дозволи. А јас ќе си гризнам од бардаков што земав бензинец а не пак кола со таков мотор.
За реновиот 1.9 ДЦИ, многу многу проблеми имаше мој многу близок, можеби е изолиран случај, од сменети дизни, па рикната турбина, и многу многу проблеми со електрониката, колата и сега јавува често разни дефекти, иако во реалноста тие не постојат.Се изнервира и не ја прави веќе, еден куп пари даде на неа.Купи мерцедес и ужива сега.
За другите два само сум слушал од рекла казала муабети, а не сум ги пробал и сум немал искуство како што треба за да може да пишувам.