Моето мислење е следно - Хјундаи (и општо, корејските производители) напреднаа стварно многу во последниве 5-6 години, без никаква дискусија. Е сега, тоа што Корејците го немаат, а што очајно се обидуваат да го добијат е идентитет. Они многу брзо (релативно гледано) ја научија лекцијата околу квалитет, финална изработка, поузданост, итн. Тука нема муабет - квалитетни се.
Меѓутоа, местото каде што не можат во ниеден момент да се споредуваат со европските и јапонските производители е бренд, историја, педигре и лојалност на купувачи. Плус, материјалите во внатрешноста сеуште каснат најмалку по една генерација (иако се добро заштрафени, до на не мешаме финална обработка со квалитетни материјали), ергономијата им касни една генерација зад јапонците (кои каснат една генерација зад германците), а за дизајн да не праиме муабет. Конечно, полека-полека почнаа да градат визуелен идентитет (киа со Ceed па наваму, откако српрајз српрајз, го земаа Питер Шрејер од Ауди, а Хјундаи со новите модели).
Сите сакаат да го критикуваат Голфот (заради цената), и тоа е во ред. Секој има право на свое мислење. И јас се слагам дека цената на Голфот е превисока во Македонија, но само во споредба со другите возила, кои имаат вештачки ниски цени, и политиката на Порше Македонија да претерува со стандардната цена во салон за да може да „даде попуст“ и да го даде возилото за реална цена. А сум ги возел скоро сите возила од таа класа, и кој што сака нека каже, ама Голфот е најкомплетен пакет од сите нив, а ова го зборам од реално искуство, не од приврзаност кон VW.
А ако веќе праиме муабет за Поло вс И30, ја би рекол ни едно ни друго, него Форд Фиеста. Али и тој муабет не иде, пошто не иде да се споредува Поло со И30.