Автор Тема: Иванов лобираше кај Тод за меѓународни автомото-трки во Македонија  (Прочитано 8414 пати)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
navodno ke se vozi kruzna vo mart kaj boris trajkovski

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Баш утре ке идам кај М.М. нешто по делови за другар, и ек зборам со него за ова, што викај кај Б.Т

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
ако се вози нека се вози на саем се знае тоа со традиција е таа патека и доста актрактивна !

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
po interesna e boris

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
po interesna e boris

за што поинтересна кршење на коли ?

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Р.С. и П.Д. Посебно првиот главен виновник за се што се случува и спортот е дојден до ова ниво.Без ничиво знаење избрка 12 или нешто клуба од федерација и останаа само оние 2-3 што се блиски до него.Затоа лани имаше само две брдски трки и ништо повеќе.


Дека застанав на другата страна... значи од страната на М.М. и остали... ме остраниле, од пријатели и П.Д и Р.С.


Jaс да сум на твое место ќе им пишам порака ФАЛА,а не знам зошто воопшто си имал такви луѓе во пријатели ;D
Заради таквите неуки и абдалоидни мрсули, луѓе како И.М. се доведени во ситуација да кажат "што ми требаше да прифатам" на последниов состанок кој го одржавме. Но, ќе биде интересно во многу блиска иднина.
Истото го реков кога слушнав кого поставија за председател.Сигурно и он влегол со желба да смени нешто бидејќи лично го познавам сигурно нема лични интереси како предходните двајца,но и он сам набрзо свати со какви луѓе си има работа.Најпаметно што може да направи е да го смени фамозниот секретар па после се ќе оди на подобро ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Сите претходни претседатели немале проблем со пари, немале лични интереси и не биле лоши, напротив.

И.М. неможе да го смени Р.С. по статутот на АФМ. Тоа го може само собранието на АФМ, а таму членуваат...и тоа е тоа. Но, донесена е одлука од второстепена комисија на Влада и реков, допрва следат интересни настани.

Патем, приемот на Жан Тод денеска одлично помина. Бев и лично присутен во Влада и имав можност да го запознаам човекот.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Има разлика со тоа што никој од предходните не бил поранешен активен учесник во спортот.Значи прв пат дојде човек што бил во него и знае како да се средат состојбите,но едноставно останатите луѓе се тие што се :).Точно дека не може да го смени но може да ги врати клубовите што членуваа и се против секретарот,па потоа да свика собрание и после самите ќе ја донесат одлуката што сите ја чекаат 2 години.
Кога дознав кој му бил возач знаев дека ќе бидеш во негова блзина ;D
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Има разлика со тоа што никој од предходните не бил поранешен активен учесник во спортот.Значи прв пат дојде човек што бил во него и знае како да се средат состојбите,но едноставно останатите луѓе се тие што се :).Точно дека не може да го смени но може да ги врати клубовите што членуваа и се против секретарот,па потоа да свика собрание и после самите ќе ја донесат одлуката што сите ја чекаат 2 години.
Кога дознав кој му бил возач знаев дека ќе бидеш во негова блзина ;D


Неможе да ги врати клубовите кои членуваа(т) бидејќи и таа одлука со мнозинство ја носи собранието. Затоа велам, одлуката на второстепена комисија на Влада е многу интересна  ;)


Возачот со официјално работно место- чирак  ;D ;D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Македонија сака да гради тркачка патека

Автомобилистичката федерација на Македонија, АМСМ и Светската автомобилистичка федерација (ФИА) денеска потпишаа меморандум за членство на нашата земја во кампањата „Акција за безбедност на патиштата 2011-2020“. Претседателот на ФИА, Жан Тод, изрази големо задоволство што Македонија е вклучена во оваа кампања за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
 
„Задоволен сум што Македонија ги презема сите потребни мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот и од тоа што во рамките на Министерството за внатрешни работи имате посебен оддел за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Во светот, секоја година 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни несреќи. Ако се продолжи со вакво темпо, до 2020 година оваа бројка ќе се зголеми на два милиона. Мора да се инвестира во патната инфраструктура и да се посвети големо внимание на едукацијата на возачите. Се надевам дека оваа кампања во Македонија ќе донесе резултати“, рече поранешниот прв човек на Формула 1 тимот Ферари.
 
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, истакна дека за оваа кампања на располагање ќе го стави целиот персонал со цел да се подобри состојбата во сообраќајот. Спасе Јовковски, претседателот на АМСМ, објасни дека во Македонија има осум жртви на 100.000 жители во сообраќајни несреќи. „Ние сакаме оваа бројка да се намали на пет жртви, но ќе мораме да преземеме неколку мерки и затоа пристапуваме кон оваа сериозна и важна акција на ФИА“, рече Јовковски.
 
„Поднесовме иницијатива до Владата на Република Македонија за градење на тркачка патека“, изјави Златко Калеников, претседателот на Сојузот на стопански комори на РМ и член на управниот одбор на Автомобилистичката федерација на Македонија. Калеников го акцентираше спортот како голем фактор, што може да влијае во подобрување на безбедноста во сообраќајот. „Доколку љубителите на тркањето имаат арена каде што ќе можат да ги покажат своите возачки квалитети, не би се тркале на улиците и патиштата низ Македонија. Оваа тркачка патека би играла многу важна улога и во едуцирањето на возачите и младите спортисти, кои сакаат да се занимаваат со овој спорт“, заврши Калеников. Претседателот на ФИА, Жан Тод, ја искористи посетата и на нашиот најдобар автомобилист Крсте Трајковски да му ја додели наградата „Дијамантска кацига“, која ја добива секој возач кој направил три хет-трика во освојувањето на шампионската титула во тркачките натпреварувања.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Р.С. и П.Д. Посебно првиот главен виновник за се што се случува и спортот е дојден до ова ниво.Без ничиво знаење избрка 12 или нешто клуба од федерација и останаа само оние 2-3 што се блиски до него.Затоа лани имаше само две брдски трки и ништо повеќе.


Дека застанав на другата страна... значи од страната на М.М. и остали... ме остраниле, од пријатели и П.Д и Р.С.


Jaс да сум на твое место ќе им пишам порака ФАЛА,а не знам зошто воопшто си имал такви луѓе во пријатели ;D

Не се замарам со нив...

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
navodno ke se vozi kruzna vo mart kaj boris trajkovski

sega za sega nisto od najava za trka ....

najnovite informacii se deka ne bila donesena paricna garancija od organizatorot

od 12 trki sto se planirale i prijavile, samo za 2 se donesle garancii

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Жан Тод, ја искористи посетата и на нашиот најдобар автомобилист Крсте Трајковски да му ја додели наградата „Дијамантска кацига“, која ја добива секој возач кој направил три хет-трика во освојувањето на шампионската титула во тркачките натпреварувања.

Кој кур им е хет-трик во автомобилизмот? Дијамантска кацига се дава за освоени 3 златни кациги, ама во држава каде 95% се окупирани со фудбал, логично е да се трескаат глупости од овој тип.