Автор Тема: Иванов лобираше кај Тод за меѓународни автомото-трки во Македонија  (Прочитано 8415 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
На денешната средба помеѓу претседателот Ѓорге Иванов и Жан Тод, првиот човек на Светската автомобилистичка организација (ФИА), меѓу другото станало збор и за можностите во иднина да се одржуваат автомобилски трки од меѓународен карактер и во нашата земја, како и за перспективите за поинтензивен развој и унапредување на мотоспортот во Македонија, објавија од претседателскиот кабинет.

На средбата, претседателот Иванов го информирал Тод за текот на имплементацијата на Националната стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот, чиј поддржувач и промотор е и самиот тој, како и за предизвиците и сериозниот пристап на националните органи и институции за преполовување на бројот на жртвите во сообраќајот, и најважно – комплетно елиминирање на бројот на децата-жртви во сообраќајни незгоди.



Претседателот Иванов истакнал дека за нас е голема чест што Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) стана член на ФИА. Тој ги поздравил активностите на ФИА за унапредување на мотоспортот и воопшто автомобилскиот сообраќај, но пред сè напорите за зголемување на безбедноста на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, кои се одвиваат во рамките на Декадата на акција за безбедност на патиштата 2011-2020, иницирана од Обединетите нации и од ФИА.

Жан Тод зад себе има извонредна кариера во мотоспортот. Под негово раководство, тимот на Ферари во трките на формула еден-шампионатот освои 13 титули, меѓу кои и петте на најуспешниот возач на сите времиња, Михаел Шумахер. Неговото лидерство ги надминува границите на мотоспортот, пред сè преку неговите хуманитарни и филантропски активности. Тој е член на Француската академија за технолошки науки, како и еден од основачите и заменик претседател на Институтот за истражување на мозокот и нарушувањата на ‘рбетниот мозок, со седиште во Париз.

http://www.time.mk/read/f211819fc1/6915aa815a/index.html

АМСМ во соработка со АФМ (Aвтомобилистичката федерација на Македонија) како членки на ФИА овие два дена ќе бидат домаќини на Жан Тод, претседателот на ФИА.
Господинот Тод денеска ќе оствари средба и со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Во рамките на својата посета Жан Тод ќе има директна можност да се запознае со безбедносната ситуација во сообраќајот во Македонија и со активностите за подобрување на истата кои ги превзема Авто Мото Сојузот на Македонија во соработка со другите надлежни институции ( МВР, РСБСП и сл.)
Вооедно претседателот на ФИА ќе има можност да се запознае со работата на АФМ (Автомобилистичката федерација на Р.Македонија)  и воопшто со статусот на  авто-мото спортот како спортска гранка во Македонија.
Авто Мото Сојузот на Македонија согласно своите статутарни обврски и во согласност со Националната стратегија за безбедност во сообраќајот активно партиципира во трите основни столба на безбедносниот патен систем (безбедни возачи, безбедни возила и безбедна патна инфраструктура) меѓу другото и преку:
Редовна едукација на најмладите и најранливите категории на учесници во сообраќајот,  професионалната обука и усовршување на идните и на професионалните возачи, како и редовна организација на кампањи посветени на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот
Оценување на техничката исправност и сообразност на возилата за нивно безбедно учество во сообраќајот, но и редовно информирање на потрошувачите за најновите тестови и оценки за безбедноста на новите модели на возила преку учество во “EuroNCAP” програмата.
Превземање активности поврзани со имплементација на “EuroRAP” програмата за проценка и подобрување на безбедноста на патната инфраструктура во Македонија.



http://www.time.mk/read/f211819fc1/45d6b57f78/index.html

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Абе само една стаза да напраат ќе завршат работа. Они немаат стаза а го викаат Жан Тод, и тој па незнам што дошол...

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Страшно ни фали асфалт во државава.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Млатење празна слама...
Веќе е организиран тој куп на сигурност на патиштата и двајца наши возачи возеа на сите трки од кои се состоеше купот, на просторите на бивша Југославија. Иванов нека искочи на една трка, да види колку ни е мизерен авто спортот па нека преземе нешто околу тоа. Се напнале  само со  тоа: опасен спорт било, се гинело.. пи*ки...

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Имате отприлика поим во каква состојба се наоѓа авто-спортот во Македонија ?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
нема врска оваа работа...... хрватска имајки го Берни неможеја да направат ништо за да добијат трка на гробник па ние се надеваме на нешто.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Се е лук и вода дур не се расчисти со кадарот кој раководи во АФМ  :-\

Имате отприлика поим во каква состојба се наоѓа авто-спортот во Македонија ?
Има знаци на живот во последниов период,сите клубови што се избркани од АФМ сами ќе си огранизираат трки се додека не се реши состојбата во самата федерација.Се ќе се знае до крајот на месецов бидејќи според провизорниот календар треба да имаме трка уште во март.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Матеј биди попрецизен ако знаеш, бар иницијали  ;)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Р.С. и П.Д. Посебно првиот главен виновник за се што се случува и спортот е дојден до ова ниво.Без ничиво знаење избрка 12 или нешто клуба од федерација и останаа само оние 2-3 што се блиски до него.Затоа лани имаше само две брдски трки и ништо повеќе.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Да си ми жив и здрав, посебно за тој првиот неписмениот што го вработија за да вади корка леб, а им еба матер. Ама уште малку. Не е ни свесен у кои гомна е.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ништо нема од ова.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
I gujo ke dade odgovor na ova kaznite od 300 na 500 evra,nema labavo

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Иванов лобираше кај Тод за меѓународни автомото-трки во Македонија

И овој му рекол на Иванов „нема гајле“ :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Р.С. и П.Д. Посебно првиот главен виновник за се што се случува и спортот е дојден до ова ниво.Без ничиво знаење избрка 12 или нешто клуба од федерација и останаа само оние 2-3 што се блиски до него.Затоа лани имаше само две брдски трки и ништо повеќе.


Дека застанав на другата страна... значи од страната на М.М. и остали... ме остраниле, од пријатели и П.Д и Р.С.


Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Заради таквите неуки и абдалоидни мрсули, луѓе како И.М. се доведени во ситуација да кажат "што ми требаше да прифатам" на последниов состанок кој го одржавме. Но, ќе биде интересно во многу блиска иднина.