На денешната средба помеѓу претседателот Ѓорге Иванов и Жан Тод, првиот човек на Светската автомобилистичка организација (ФИА), меѓу другото станало збор и за можностите во иднина да се одржуваат автомобилски трки од меѓународен карактер и во нашата земја, како и за перспективите за поинтензивен развој и унапредување на мотоспортот во Македонија, објавија од претседателскиот кабинет.
На средбата, претседателот Иванов го информирал Тод за текот на имплементацијата на Националната стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот, чиј поддржувач и промотор е и самиот тој, како и за предизвиците и сериозниот пристап на националните органи и институции за преполовување на бројот на жртвите во сообраќајот, и најважно – комплетно елиминирање на бројот на децата-жртви во сообраќајни незгоди.
Претседателот Иванов истакнал дека за нас е голема чест што Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) стана член на ФИА. Тој ги поздравил активностите на ФИА за унапредување на мотоспортот и воопшто автомобилскиот сообраќај, но пред сè напорите за зголемување на безбедноста на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, кои се одвиваат во рамките на Декадата на акција за безбедност на патиштата 2011-2020, иницирана од Обединетите нации и од ФИА.
Жан Тод зад себе има извонредна кариера во мотоспортот. Под негово раководство, тимот на Ферари во трките на формула еден-шампионатот освои 13 титули, меѓу кои и петте на најуспешниот возач на сите времиња, Михаел Шумахер. Неговото лидерство ги надминува границите на мотоспортот, пред сè преку неговите хуманитарни и филантропски активности. Тој е член на Француската академија за технолошки науки, како и еден од основачите и заменик претседател на Институтот за истражување на мозокот и нарушувањата на ‘рбетниот мозок, со седиште во Париз.
http://www.time.mk/read/f211819fc1/6915aa815a/index.htmlАМСМ во соработка со АФМ (Aвтомобилистичката федерација на Македонија) како членки на ФИА овие два дена ќе бидат домаќини на Жан Тод, претседателот на ФИА.
Господинот Тод денеска ќе оствари средба и со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Во рамките на својата посета Жан Тод ќе има директна можност да се запознае со безбедносната ситуација во сообраќајот во Македонија и со активностите за подобрување на истата кои ги превзема Авто Мото Сојузот на Македонија во соработка со другите надлежни институции ( МВР, РСБСП и сл.)
Вооедно претседателот на ФИА ќе има можност да се запознае со работата на АФМ (Автомобилистичката федерација на Р.Македонија) и воопшто со статусот на авто-мото спортот како спортска гранка во Македонија.
Авто Мото Сојузот на Македонија согласно своите статутарни обврски и во согласност со Националната стратегија за безбедност во сообраќајот активно партиципира во трите основни столба на безбедносниот патен систем (безбедни возачи, безбедни возила и безбедна патна инфраструктура) меѓу другото и преку:
Редовна едукација на најмладите и најранливите категории на учесници во сообраќајот, професионалната обука и усовршување на идните и на професионалните возачи, како и редовна организација на кампањи посветени на зголемувањето на безбедноста во сообраќајот
Оценување на техничката исправност и сообразност на возилата за нивно безбедно учество во сообраќајот, но и редовно информирање на потрошувачите за најновите тестови и оценки за безбедноста на новите модели на возила преку учество во “EuroNCAP” програмата.
Превземање активности поврзани со имплементација на “EuroRAP” програмата за проценка и подобрување на безбедноста на патната инфраструктура во Македонија.
http://www.time.mk/read/f211819fc1/45d6b57f78/index.html