Во таа димензија имаш еден куп варијанти, и скоро и да е невозможно да најдеш гума што не ја бива. Од моето искуство:
- Bridgestone Turanza ER300 - Гума со одлични перформанси на суво и сосема добри на мокро. Цепки на снег. Очекувај цена од околу 100 евра по гума. Прилично се тврди, но одлично држат по кривини, и скоро воопшто не се деформираат.
- Continental Premium Contact - Прилично мека гума. Значително покомотна него Turanza-та, но се деформира во кривини. 120-130 евра по гума.
- Michelin Energy Saver - Тивки, меки. Многу малку ги возам за да знам.
- Hankook S1 Evo - Одлична гума, ја возат неколку членови од форумот. Издржлива и одлична комбинација помеѓу спортски перформанси и комфор. Привлечна цена од околу 70-80 евра по гума.