Испадна дека Батон беше во право кога сугерираше дека Ветел го поминал надвор од патеката.Стјуардите го казнија со 20 секунди заради таа грешка.Превземено од Ф1 алманах:
Стјуардите во последните пет круга на трката не можат да казнуваат со возење низ боксот, па поради тоа временска казна од 20 секунди кои се додаваат на крајниот резултат беше аплицирана во овој случај. Со ова тој паѓа од второ на петто место, односно Батон е втор зад Алонсо, но Кими го добива пехарот за третото место, по што следат Кобајаши, Фетел, па Перез. Тоа се рефлектира и на генералниот пласман, каде што пилотот на Ред Бул останува трет, но со осум бода помалку: Алонсо има 154, Вебер 120, а Фетел паѓа на 110 поени.