^^
Евентуално за копачи е битно, ама кој копа со CPU... Можеби за рендер фарми?
Со нашава цена на струјата, смешно е замарање со такви разлики во потрошувачката.
Првично тоа некаде зимоска пробучи, додека тој на напојувањето првично некаде пред речиси 2.5 години. Откако ке ги отворам, капнам по некоја капка од маслото, работат некаде 8-10 месеци пред да ги дадат првичните знаци (тој на напојувањето еве го уште не дава звук), па затоа мислев дали товатната маст би ги држела во подмачкана состојба подолго затоа што таа е издржлива, се нанесува и на лагери на тркала од колите каде што имаме доста триење.
Mojoт метод е следниов: Прво ставам неколку капки машинско масло (претходно внимателно нецелосно одлепување на малата лепенка во средина), се вклучува вентилаторот и на вртење се додава уште некоја капка масло, додека да се смират вибрациите (и онака визуелно да се види мал вишок). Оставам така да врти неколку минути, или повеќе.
Потоа отворот го „затварам“ со малку машинска маст, идејата е дека го спречува маслото од истекување. Се лепи кружната налепница назад, и тоа е тоа. Идеално, ако имаш живци и време, уште подобро е под налепницата да ставиш една гумичка со соодветни димензии.
Сето ова е „замарање“ кое влече солидно време, но обично го правам кога имам време и слушам разни подкасти или дебати на нет, или аудикниги. Едноставно правам нешто додека слушам.
Ќарот е двократен. Прво, заменските вентилатори со нормална цена (до ~200-300ден) се неквалитетни и рикнуваат за нецела година. Второ, добро репарирани вентилатори тераат со години потоа.
Ако некој знае за добар бренд на вентилатори со ОК цена, нека ги каже. Јас порано ги употребував Sunon, но последниве години се срање.