Секојдневните рандом корисници најмногу „ќар“ од SSD гледаат во најголема мерка затоа што оперативните системи (читај windows) им се во ужасна состојба, со десетици непотребни резидентни програми, а многу често и разни вируси, тројани и секаква друга информатичка флора и фауна.
Најмало подобрување гледаат тие со среден и оптимизиран OS, најчесто еднократно во текот на денот преку побрзо стартување на системот, побрзо отварање на бровсерот, побрзо вчитување на играта итн. Понатаму во текот на тој ден нема некаква голема разлика во перформансите на системот
(зборувам за намените за кои повеќето корисници користат компјутер - интернет, социјални мрежи, офис програми, едноставни игри, итн).SSD-ата во секој случај се добра работа, посигурни се од механичките дискови а сега се и доволно евтини за да може секој да си ги дозволи. Муабетот ми беше дека настрана од корисниците со специфични потреби, мнозинството од рајата паѓа во несвест затоа што SSD технологијата им овозможува релативно нормална брзина на работа без да си го средат ѓубрето во системот. Така се им е супер без да се замараат... Се додека присилно не се запознаат со криптовирусите!
