Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1244963 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8610 на: 26 Февруари 2016, 16:04:30 pm »
Точно.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8611 на: 26 Февруари 2016, 18:18:03 pm »
Van брате, што ми кажа... нема пц корисник кој нема ќар од ССД.

Муабетот не е спорење на тоа што си го напишал. Муабетот беше кои корисници најмногу паѓаат во несвест кога ќе добијат SSD;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8612 на: 26 Февруари 2016, 19:09:59 pm »
Секојдневните рандом корисници најмногу „ќар“ од SSD гледаат во најголема мерка затоа што оперативните системи (читај windows) им се во ужасна состојба, со десетици непотребни резидентни програми, а многу често и разни вируси, тројани и секаква друга информатичка флора и фауна.
Нема никаква логика, ни поврзаност ова кое си го пишал. Ако системот кочи поради некакви си такви причини ко шо ги наброја, ќе кочи и со и без ССД. Понатаму, може да има и 10 илјади резидентни програми, ама се додека не работат нешто битно кое јаде процесорски ресурси и системот има доволно рам ти се абсолутно неприметливи за корисникот.

Цитат
Најмало подобрување гледаат тие со среден и оптимизиран OS, најчесто еднократно во текот на денот преку побрзо стартување на системот, побрзо отварање на бровсерот, побрзо вчитување на играта итн. Понатаму во текот на тој ден нема некаква голема разлика во перформансите на системот (зборувам за намените за кои повеќето корисници користат компјутер - интернет, социјални мрежи, офис програми, едноставни игри, итн).
Ова е неболузно, нелогично и контрадикторно тврдење. Напротив најмногу бенефит гледаат оние со оптимизиран ОС бидејќи само така можат оптимално да се исползуваат придобивките од системот. А тоа значи: искклучен систем, ристор, виртуелна меморија на 1ГБ, последни AHCI/nVME драјвери, направен over provisioning на SSD–то, исклулени power-saving опции за дисковите, PCI–е и USB, уклучено кеширање при запис и исклучен флаш на тој кеш, исклучени паур сејвинг опции кои ги намалуваат фрекфенциите на кешовите на процесорот и јадрата, и т.н. Во таков случај се постигнуваат драматично подобри перформанси, а особено 4К пеформанси на вчитување кои се основа на респонсивноста на системот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8789
  • Пичлеме
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8613 на: 26 Февруари 2016, 20:24:37 pm »
Муабетот не е спорење на тоа што си го напишал. Муабетот беше кои корисници најмногу паѓаат во несвест кога ќе добијат SSD.  ;)
Ајде бе шотуку се траскаш од земја! Мистер Јас Не Се Импресионирам Од Ништо ВС нас, обичните смртници... бла бла бла, џврк, џврк...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8614 на: 26 Февруари 2016, 20:28:56 pm »

Ипски, шо ти смета бе мувата - па за да ја бркаш?   ;D



Нема никаква логика, ни поврзаност ова кое си го пишал. Ако системот кочи поради некакви си такви причини ко шо ги наброја, ќе кочи и со и без ССД. Понатаму, може да има и 10 илјади резидентни програми, ама се додека не работат нешто битно кое јаде процесорски ресурси и системот има доволно рам ти се абсолутно неприметливи за корисникот.


Навистина не знам каква софистицирана логика е потребна за едноставно поврзување на следниве факти:
- просечните лаици корисници, на системот имаат миЉон непотребни ствари кои секако јадат ресурси, и сите од нив немаат „доволно рам“ (тука сети се на пример, и дека немаат сите аристократски хардвер како тебе)
- повеќето од нив имаат и резидентна колекција од малвер на која би им позавиделе и момците од лабораторијата на Касперски
- сето тоа го екстремно зголемува бројот на записи на дискот

Логика = SSD многу полесно се справува со таквата ситуација. Механички диск, во тие ситуации почнува да се гуши со многу диск аксеси и целиот систем почиње да кашла. SSD ги прикрива тие симптоми. Болеста секако не се лечи со ставање SSD, пошто единствен лек за тоа е едукација на корисникот - но полесно се трпи.


Просечниот корисник (акцентот е на зборот просечен), по стартување на системот го вклучува бровсерот, и евентуално понекој офис програм или некоја лагана игра. Во добро среден, па макар и неоптимизиран, систем кој се користи за опишаната намена - бенефитите од SSD се воглавно лимитирани на брзината на вклучување на OS-от, и бровсерот/офисот/итн. Тоа е еднократно забрзување само на вклучување - или ти можеби ќе спориш дека и перформансите на бровсерот се засегнати, или отварањето на спредшит или некој друг документ од неколку десетици килобајти.

Од друга страна ако состојбата на системот е устрана со разни страња, присуството на SSD е како разлика меѓу небо и земја. Системот кој инаку би бил невозможен за нормална работа - наеднаш станува употреблив. Да, проблемите не се решени - но добро се замаскирани. Лично сум бил сведок на неколку такви метаморфози.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8789
  • Пичлеме
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8615 на: 26 Февруари 2016, 20:31:44 pm »
Ми смета секаков вид на гомнојадци ;D
Инаку го тупиш со просечни корисници. Просечните корисници не ни знаат што е тоа ССД, реално...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43941
  • Il Moderatore
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8616 на: 26 Февруари 2016, 20:33:00 pm »
@Van, јас напротив, имам спротивно искуство. SSD им препорачувам на луѓе кои имаат професионална потреба од брз пристап до складираните податоци. На обичните корисници/лаици, баш им е гајле. Ќе отворат 10 прозори у хром или фајрфокс, и исто им се фаќа дали е ССД или флопи. Исто и оние кои куцкаат документи во ворд. Иницијалното стартување не им е проблем, пошто го праат еднаш у ден, а може и поретко.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8617 на: 26 Февруари 2016, 20:34:12 pm »

Не заебавај Ипски, ССД е сега меинстрим. Како пиво и чипс. Како „клима“ фолии на стаклата. Или како ајфон, мајфон.
Башка ако навистина толку ти сметаат гомнојадци, како уопште се снаоѓаш во држава каде тоа е национален спорт број еден?   ;D


@Van, јас напротив, имам спротивно искуство. SSD им препорачувам на луѓе кои имаат професионална потреба од брз пристап до складираните податоци. На обичните корисници/лаици, баш им е гајле. Ќе отворат 10 прозори у хром или фајрфокс, и исто им се фаќа дали е ССД или флопи. Исто и оние кои куцкаат документи во ворд. Иницијалното стартување не им е проблем, пошто го праат еднаш у ден, а може и поретко.

Симо бачка, што да ти кажам - освен дека ти не си продавач на хардвер.   ;D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8789
  • Пичлеме
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8618 на: 26 Февруари 2016, 20:37:21 pm »
Не е сеуште толку меинстрим, иако е многу достапно и евтино.
Не сум во државата :)
Бајдавеј, мотото на државата: Јадете гомна, не е можно милиони муви да грешат :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8619 на: 26 Февруари 2016, 20:39:44 pm »


 ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8620 на: 27 Февруари 2016, 09:54:59 am »
@Van
Еден модул ДД3 4ГБ е 1000 денари, а едно ССД од 128ГБ е 3500. Жити очи, кои се тие лаици/корисници на компјутер кои немаат доволно рам меморија и купуваат ССД?
Мислма може кај тебе во село и во централна африка да има навистина случаи како во твојава приказна, ама во Скопје и другите градфови во Македонија не среќавам такви, а не среќавам ниту по остатокот од цивилизираниот свет.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8621 на: 27 Февруари 2016, 12:50:09 pm »
Што ти е аристократијава...  ;D

Не е работата во економската логика на потрошувачите, туку во нивната корисничка и информстичка неедуцираност и воедно, помодарството со кое секаква глорифицирана електроника одамна е станата статусен симбол. Така да како што постојат мноштво случаи на сопственици на телефони од ценовен ранг од 300+ евреи, иако истите немаат вода во очите и таа сума е повеќе од нивните кумулативни семејни месечни примања... Исто така постојат и компјутерски корисници со недоволно РАМ (замисли, некои од нив сеуште со DDR2 платформа) - кои сепак имаат SSD во системот.
Како е тоа можно? Па пошто подоста нивни пријатели имаат SSD, и „супер било“. Најбоља работа после сечен леб. РАМ имаат колку што дошло со конфигурацијата, која најверојатно им ја увалил истиот продавач кој им го увалил и SSD-то - пошто на него повеќе ќар ќе направи отколку од додатна меморија (која згора на се може и да не биде компатибилна во конфигурацијата).

Пазарна логика, и економска реалност. Мнозинството сепак е неука сиромаштија - а не умислена аристократија.  ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8622 на: 27 Февруари 2016, 13:53:38 pm »

Абе шо збooороиш??!!
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34161
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8623 на: 27 Февруари 2016, 16:48:32 pm »
Van, brat ke te tepam za ova, ostaj sto si mi zet. Utre vecer ke dojdes kaj mene da ti pokaxam SSD plus Ddr2.
Gojdo prosti mu, ke go educiram utre.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #8624 на: 27 Февруари 2016, 18:21:01 pm »
Јас, т.е син ми, имаше до пред некиј месец компјутер со ддр2 и ссд. Во која категорија спаѓаме?
Ум шо идит отпосле не јет ум!