Јас пошто нон стоп сум во движење во последниве две години нетбук/лаптоп ми е примарна машина. Десктопот го билдав чисто како игрчка за да си поиграм на неа, ама се помалку и помалку време на неа посветувам па решив да го распродадам пошто-зашто, за кога ќе го видам да не ме јаде јанза колку пари имам испотрошено на него и не сум го уклучил со месеци...
Абе само тоа и мене ме запира од билдање машина. Затоа што ќе ми собира прашина едно 18-20 саати од денот. Или сум на работа, а кога сум на одмор/службено некаде, само лаптоп.
Порано си јадев трици како ќе билдам машина, како ќе има оволку рам, таков процесор, таков кулер, па ќе клокирам, па ќе тестирам, па ќе праам гејминг маратон. На крај, нит имам време, нит имам волја за такви работи. Стримам нешто од некаде за забава, манијачам пи*ки нна интернет, чат пат некоја игра на лаптопот, и тоа е.
