Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1241089 пати)

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7680 на: 10 Септември 2015, 22:05:34 pm »
За тие што немаме големи плати солидни ни се послабите лаптопи, мојот баш ми врши работа асус 4гб рам и3 процесор 500гб хард диск, и мислам дека ке го најдеш половен за таа цена, а нов околу 17-18 илјади денари. Секако сите сакаме јаки машини ама тоа е :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8781
  • Пичлеме
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7681 на: 10 Септември 2015, 23:33:50 pm »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7682 на: 10 Септември 2015, 23:46:12 pm »
За тие што немаме големи плати солидни ни се послабите лаптопи, мојот баш ми врши работа асус 4гб рам и3 процесор 500гб хард диск, и мислам дека ке го најдеш половен за таа цена, а нов околу 17-18 илјади денари. Секако сите сакаме јаки машини ама тоа е :)
Малата плата не може да го претвори ефтиниот лаптоп во солиден. За 18 иљади се наоѓа лаптоп кој ќе брка работа за обични офис работи, ќе биде ефтино направен, со фуш екран, слаби перформанси и батеријата кратко ќе му трае. За 200 евра на ново, ако може да се најде, тоа ќе биде дно од конфигурација со перформанси на солиден лаптоп од пред 10 години и со најлош квалитет. На старо, ко што пиша, за 200 евра се наоѓа некоја таква основна конфигурација и толку.
Солиден значи квалитетен и со добри перформанси. Па неможе дното од лаптопи на светот кое може да се најде во дно држави ко нашава да се наречат солидни. По наши стандарди за да некој лаптоп во 2015 е солиден, според мене, треба да има алуминиумско куќиште, Full HD екран со IPS панел, брз двојадрен процесор, 8GB RAM и минимум 128GB SSD. Не сум проверил цени, ама мислам дека солиден лаптоп, кој го задоволува пишаново нема под 600–700 евра.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5203
  • Пиши лаже
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7683 на: 11 Септември 2015, 00:21:20 am »
Се сложувам со Гојдо, само не би го ставил како морално ссд то, највеќе поради цената. Оно и ИПС от крева доста, али океј е добар екран.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7684 на: 11 Септември 2015, 00:49:25 am »
Секој според своите потреби, и тоа е тоа. За дома да штракаат фб и јутјуб и карклуб, доволен е било каков... ете земи i3 со 4гб рам за 15.000 и терај :)

Гојде, ако работиш и комуницираш со НАСА, нормално дека ќе имаш потреба и ќе можеш да си дозволиш лаптопче од висока класа и перформанси. :) 

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7685 на: 11 Септември 2015, 01:33:26 am »
Премногу елитизам има во последно време, со хардверов. Она што треба да бидат алатки, уствари се статусни симболи. ОС-ите и апликациите стануваат чист блоутвер, се е фрлено на шминка, кичерај и повторно измислување на топла вода.
Реалноста е дека добро оптимизирана машина со 2Гб рам и ХР ќе тера секојдневни нет и офис потреби, без никакви проблеми. Половна машина со дупло поише рам и просечен процесор е змај, за истите тие намени.

И се е у реду, кој како сака нека прави - ама мене бе никако не ми е јасно подоста време... Зошто побогу преносните компјутери во 90% од случаите се користат како десктоп машини?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6544
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7686 на: 11 Септември 2015, 07:50:00 am »
За 90% од компјутерски неписмениот народ е потребен лаптоп од 1000€,
за да можи да ги искрепи 30-те додатни апликации, тулбари, спајвери и сл. кои работат во позадина.  :)

А реално на тој народ и воопшто не му треба лаптоп, ама пак како ќе седни на кревет да провери фејзбук,
а притоа не ги затни сите можни отвори од под него.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8781
  • Пичлеме
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7687 на: 11 Септември 2015, 08:10:38 am »
Објаснувањата на Гојдо не се за тоа кој каква потреба има и колку плата зема, туку објаснувањата се за значењето на поимот „солиден“ и е сосема во право.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7688 на: 11 Септември 2015, 08:40:39 am »
Секој според своите потреби, и тоа е тоа. За дома да штракаат фб и јутјуб и карклуб, доволен е било каков... ете земи i3 со 4гб рам за 15.000 и терај :)
не велам не за тоа дека секој според своите можности и потреби. Ама ако влезеш во салон за автомобили, пример во Porsche Македонија и побараш солидно ауто ќе ти предложат A5/A7 S-Line или слично. За 8000 евра ќе те препратат во Dacia пошто за тие пари можеш да купиш само контејнер на 4 тркала.

Премногу елитизам има во последно време, со хардверов. Она што треба да бидат алатки, уствари се статусни симболи.
Напротив, токму обратното. Во последниве две децении, од потреба да се направи што поефтин хардвер, денес имаме планини од најфуш хардвер направен од радиоактивни и рециклирани материјали...Кога добро ќе се присетам во 90-та тастатура кошташе 150-200 марки, кои имаа куповна моќ ко 200-300 евра денес. Колор екран 14" 800-1000 марки. Ласерски штампач црно-бел 2500 марки. Денес тастатура има за 4 евра, колор екран за 70 евра, црно-бел ласер за 50 евра. Ама знаеш што, тастатурата IBM, механичка, купена тогаш 200 марки работи и до ден денес без проблем, а исто и штампачот. Отпадов денес кој ќе го купиш за 4 евра и 50 евра алаогно ќе трае две-три години. А и денес има тастатури за по 200 евра и тие се квалитетни, само во Македонија ако си платил 150-200 евра за тастатура ќе те етикетираат ко сноб. А што е разлика меѓу таа од 150 и таа од 5 евра поима немаат.

Цитат
ОС-ите и апликациите стануваат чист блоутвер, се е фрлено на шминка, кичерај и повторно измислување на топла вода.
Се слагам. Токму затоа што хардверот доживеа некаков развој и ресурсите се зголемија многукратно денес софтверашите ја имаат таа комоција да не се замараат со хардверските ресурси и оптимизација на код за нив, туку на суштинскиот дел од корисничкиот интерфејс и намената на софтверот кој го произведуваат. Тоа е сосема во ред затоа што кога би губеле време на оптимизација ќе треба да изгубат тројно повеќе врме за да го произведат истиот софтвер, а тоа значи дека ќе биде бар двојно поскап. Па ако еден пакет ко Autocad кошта 3000 до 8000 евра, а двојно побрз процесор кошта дополнителни 500 евра, која е логиката софтверашите да си губат време за оптимизацја на софтверот?
Реалноста е дека добро оптимизирана машина со 2Гб рам и ХР ќе тера секојдневни нет и офис потреби, без никакви проблеми. Половна машина со дупло поише рам и просечен процесор е змај, за истите тие намени.
Дека некој шпорет со 2GB RAM, па бил и оптимизиран во NASA, ќе отвара денешни веб страници кои имаат катаљон флешеви во висока резолуција може само да посакуваме, бладаме и сонуваме.

Цитат
И се е у реду, кој како сака нека прави - ама мене бе никако не ми е јасно подоста време... Зошто побогу преносните компјутери во 90% од случаите се користат како десктоп машини?
И мене тоа не ми е јасно. Му доаѓа ко да купиш скутер како фамилијарно возило. Ама најверојатно тоа кај нас е така затоа што народ нема или не сака да даде пари за десктоп и ноутбук машина, па сакаат да поминат само со една. Па бидејќи десктопот не е мобилен се одлучуваат за лаптоп, а дополнително сакаат тој да е ефтин (пример 200 евра) и да е солиден. За секојдневна употреба не се купува лаптоп од 200-300 евра туку од 600-700, затоа што за една година тој од 200-300 нема да личи на ништо и најверојатно ќе има рикната батерија и ред други недостатоци, додека пак тој од 600-700 (ко шо го опишав погоре) нема да има знаци на износеност, нема да биде цел раскрцкан и расштрафен и поверојатно дека поради подоброто ладење на куќиштето батеријата, која по дифолт ќе му биде поквалитетна, ќе му биде и далеку повеќе сочувана отколку тој од 200-300.
« Последно менување: 11 Септември 2015, 09:13:20 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8781
  • Пичлеме
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7689 на: 11 Септември 2015, 08:51:15 am »
Гојдо, една ракија борчиш за тоа што пишав пост во твоја полза без да се заебавам ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7690 на: 11 Септември 2015, 08:55:34 am »
Уште некој пост и ќе ме убедите да си купам десктоп машина.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7685
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7691 на: 11 Септември 2015, 09:27:59 am »
Гојдо, една ракија борчиш за тоа што пишав пост во твоја полза без да се заебавам ;D
Малу поќе рајчии се. Ама ти не ги бројаш ебаго...До сега имаш за два пати да те носам на топсикологија, само никако да те начекам во некое кафанче па да се расчистиме.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34157
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7692 на: 11 Септември 2015, 09:36:23 am »
Значи Луки, купи си десктоп машина маестро ако сакаш да работиш како човек. После купи си убав 24 FullHD монитор со IPS панел, па купи си тастатура, па смени ја ако не ти чини, стави си внатре 3,5 инчен хард диск за чување на податоци, па стави си уште еден за бекап, па стави си SSD како Boot drive, мислам, фино момче си, сите тука се. Заслужуваш да работиш како човек. Со лаптоп тоа за нормани пари не можешда го постигнеш...... или пак можеш ти таму во имачка.

Иначе Гојдо мајсторски го кажа тоа. Тие што мислат да ме прашуваат за истото по ПП нека прочитаат уште еднаш Гојдо што кажа нек не ме замараат :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7693 на: 11 Септември 2015, 09:39:56 am »
Со десктоп си врзан да седиш по столија. А со лаптоп си дел на кревет, дел на тераса, дел во двор и слично.


Десктоп за домашна употреба и нема преголема употреба. :) Кусо било десктоп за да фејзбукувам и да сурфам како човек (не на таблет, зошто тоа не е како човек).

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5076
  • The Spartan General
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7694 на: 11 Септември 2015, 10:05:25 am »
На работа имам
со 2x24" Samsung S24C450, 1 TB TOSHIBA DT01ACA300. Не е нешто посебно, ама за тестирање + две-три виртуелки на него врши супер работа.

Имам лаптоп заради мобилност (кој шознам дали е солиден), врши работа и држи батерија околу седум часа. Има 15“ ХаДе, i7 4500u, 16GB, 1TB. Нема ССД, јебига...  ;D

Него, ме фати стрв за купување најразлични делови, склопување еден по еден, инсталација, па гејминг, па виртуелки за сервери + конфигурации, па пак гејминг, па малце работа, и најразлични други тракатанци сврзани со целата процедура. ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.