Јас не гледам ништо лошо во редовен апдејт, сите ПЦ-а и сервери на различни платформи, ми се ап то дејт и тоа најредовно што може. Исто се однесува и за моите мобилни уреди, ако некоја апликација има апдејт, го ставам, ако андроидот има апдејт, пак го ставам итн итн итн.
Ете ти не гледаш. Секој си има свое искуство со ним. Еве јас на пример 3 пати досега сум имал проблеми заради апдејт. Со други зборови трите најголеми проблеми со кој сум се соочил во животов потекнале од апдејт. А под „најголеми“ сакам да кажам даунтајм.
- Губење на дискот на мојот лаптоп, два пати. Реинсталација, се од ново, бекапи... Масивен даунтајм и пред се нелагодност во следните 3 недели на употреба.
- Губење на круцијални делови од оперативниот систем и неможност да се бутира битен компјутер. Едвај спасен системот за да не се прави решението од точка 1. Даунтајм 2 дена, ама нелагоноста од 3 недели ја нема.
Според тоа јас заклучувам дека сакам да сум раат и да не се потресувам на секое палење на компјутерот дали ќе се покрене или ќе останам да висам. Не викам дека тоа треба ти да го правиш. Туку дека тоа е моето финално решение. Полошо нешто од Windows Update што може да направи не постои, реално гледано. Значи тоа јас го доживувам како крајно лабава работа. Јас системот сакам да е саглам и да е стабилен. Сакам да можам да ја предвидам неговата работа во годините што претстојат. Јас немам намера да робувам на некој неписмен што незнае да направи саглам оперативен систем, за секојдневно да висам на закачалка и да губам време со реинсталации и циркузи, ниту пак да ги трошам ресурсите на фирмата со замарање со такви глупости. Зошто го велам ова. Затоа што буквално „имам попаметна работа“.
На 500 компјутери ако секојдневно се прави апдејт, статистички е невозможно да нема проблеми. Тоа на 2 е статистички неможно, та на 500. Еве и да бараме MTBF на апдејтите на 500 компјутери, значи колку ќе е тоа време? Значи ќе дојде од реална пракса 3 компјутери неделно. Значи 3 компјутери со форматирање, па јузери спашавање, па рипери ако има некои, па синхронизација на програми, па враќање на податоци. Тоа е работа. Тоа се саати и саати работа за IT. Но ајде ќе речеме тоа им е работа. Ама што им е работа на другите? Да чекаат? Паники да се креваат што ќе изгубат или не? Системи за бекап, циркуз невиден да правиме? Таа беља наречена Windows Упдате е најголемото ѓубре што може да го најде еден компјутер. Можеби не се сложуваш и ќе речеш „јас не сум имал ниеден проблем“, ама ете јас сум имал.
Значи зборувам за лично мое искуство што сум го осетил на кожава, и лично, и фамилијарно и службено. Значи на 3 фронта напад. Пак ќе се навратам на „таа беља“ не би му ја посакал на најлошиот непријател. Крај на програмата. Макар и да има 0.01% шанса да ми се деси тоа што ми се случило, тоа за мене е неприфатливо. Некој мене да ми го (со извинение) ебе раатот, јас не дозволувам. Сакам да отидам дома и да си се релаксирам без да размислувам утре во 8 ипол дали некој ќе ми се јави да му пуштам човек службено, дали некој ќе ми се јави да му помогнам пријателски, или пак крај краева да размислувам дали јас на својот лаптоп ќе преинсталирам плагини 3 недели. Fool me once, shame on you. Fool me twice, shame on me. Fool me every day, fuck you. Значи да резимирам, боже сачувај од Windows Update. Разбрал, неразбрал тоа е.
P.S. Да се разбереме за „не се заебало“. Не се подразбира „се заеба нешто ама го опраив“.