Јас редовно исклучувам апдејти на ОС, повремено (исклучително ретко) правам точно одбрани критични апдејти само ако се однесуваат на нешто што конкретно ми треба. Од друга страна употребувам неколку нивоа на заштита (тоа редовно се апдејтува).
Не сум имал никакви проблеми. Последен малвер што го имам закачено е Бластер страњето што беше актуелно пред деценија и повеќе (и тоа беше на самошто инсталирана ХР машина - со интегрирани апдејти, на која заборавив да го извадам нетворк кабелот - на првиот рестарт преку интернет го закачи малверот).
Според моето искуство (и знаење), сметам дека бенефитот од редовните упдејти на ОС-от е помал во однос на ризикот од малтретирањето и страњата што потенцијално можат да се десат.
Туку мене ми е поинтересен моментот: „
не ставај гифчиња со фрлање од прозор како Фаланга, зошто секој си знае зошто донел некоја одлука„.
Цитираново live and let live изгледа важи само од аспект на упдејти на ОС, ама не се применува на други лични одлуки - на пример за работи што се однесуваат на личното здравје. Од тој аспект мора сите да сме во истиот (меинстрим) кош, во спротивно сме етикетирани „теоретичари на завери„.
