Гледај велештрумф, ако се заебе нешто од неколку саати малтретирање значи секако веќе имало проблем. Овие програми само прават сценарио со контролиран максиламен лоад на хардверот, нешто што секако некогаш повремено ќе се случува (а тоа што не е како што треба, може да „пукне„ и по истекот на гаранцијата).
Ама ако не планираш да играш на лаптопот, рипни ги стрес тестовите за GPUто. Јас на секоја нова машина правам 24-48 саати стрес тест (ок, многу пократко на преносните пошто тие генерално и се наменети за полесно оптоварување). Секако е твој изборот, колку/каква гаранција има плочава?
Prime95 е одлично за вадење маст на ЦПУ
јас секогаш сум го користел кога се занимавав со клокање на времето на мојот Core2Duo 6550. Од фабричките 2,33 Гхц и 1,35 Волти го направив на 2.8 Гхц и 1.175 В. Ем побрз ем поладен
Хехе, и јас сум олд скул оверклокер... на времето ја поседував една од ретките плочи (Асус беше) со опции за оверклокирање (оверволтинг) на Пентиум (1, се разбира). Следната генерација беше оверклокерски сон, Целерон од 300 на 450MHz, само преку дигање на магистралата од 66 на 100MHz

И да Core2Duo платформата беше последен пат кога озбилно оверклокирав, сегашниот 2500K си седи неоверклокиран... мрза ме фати.
