Под некое рутерче мислев на препорачаните, конкретно планирам да земам TP Link TL WDR4300 или TL WDR3600. Рутер од 1000 денари знам дека воопшто не завршува работа. Супер опиша Дени, а и планирав да ставам 2 рутери, но за жал мајсторите што ми местеа ЛАН Мрежа низ целата куќа имаат зафркнато работа и неможам да приклучам рутер на долниот спрат без да мкнам кабли низ цела куќа што ми е глупаво. Се надевам ќе врши работа за 2та спрата на кој што ќе бидеме постојано, сигналот на најдолниот спрат ќе морам да го жртвувам веројатно но тоа е.
Сега едно прашање до Дени и Џонтра. Гледам дека рутериве ТП Линк 4300 и 3600 идат во пакување со 2 или 3 антени, а има и посебно да се купат антени исто така од ТП Линк, дали треба одма после купувањето на рутерот да купам додатно уште 2-3 Омни антени и да ги сменам со тие на рутерот или и тие на рутерот се добри ?