Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1538823 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6315 на: 08 Декември 2014, 11:51:16 am »
Не мора и3 да земаат. и3 е overkill за таа работа. Доволно е обичен Pentium Dual Core. Ги има о цени од 14.000-15.000 денари во сите модели. Dual Core Celeron-от е очајно слаб процесор. Разликата во цена од 1000-2000 денари се исплати и тоа како.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6316 на: 08 Декември 2014, 13:10:40 pm »
Sliki od svadba e najvazna rabota na svet. Uste povazna rabota od tie sliki e video od svadba. Bukvalno nitu edno covecko bitie nema da go izgleda toa konkretno video. Slikite ke ostanat barem za idnina.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6317 на: 08 Декември 2014, 14:21:49 pm »
Зависи што се подразбира под „брка“. За некој ќе брка, за некои нерви ќе кине. :)

Самои нека има 4 гига рам, малку хигиенски навики (не инсталирање секакви глупости) и супер ќе си цепа шо ти е

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4118
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6318 на: 08 Декември 2014, 21:23:43 pm »
Јас дома имам едно Foxconn NT 330i od од некоја си 2009-2010 година. Има 2GB RАМ и вози Windows 7 со Office 2010. Го користам претежно како медиа сервер со закачени два екстерни диска. Често пати го користам и да сработам нешто во Office и работам на 22“ 1920 монитор.

Исто така си гледам видеа на Youtube/TED си правам видео разговори на Skype.
Не играм игри и не инсталирам ништо на него.
Во ниеден момент не сум помислил дека не ми е доволно за ова што го правам  (Word/Excel/Powerpoint/Project и лесна Visio скица).

Според ова веројатно ако сакам да имам лесна бекап варијанта не би се мсилсел дали би употебил Quad Mobile Celeron N2930 за пристојна цена.

Она за што би се секирал кај таков лаптоп во тој ценовен ранг е квалитетот на периферијата/изработката и сл.

Инаку користам лаптоп со i5/8 со hybrid HDD во редовна работа.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6319 на: 09 Декември 2014, 08:09:33 am »
Најубаво е да се направи домашната од дома и да се види што нудат по продавниците првин на интернет.

Оти еве сега гледам во амц, а како му е на вебот така и на тие ливчињата пред латоп сигурно е,
грешни информации ставаат, или пак таков му е маркетингот стратешки.

Тие N2*** процесорите му се пишани како Пентиум, а уствари се Целерон. N3*** се Пентиум.
Можно е, да не проверувам низ сите, да има на N28** Quad Core реклама, а уствари тој е двојадрен.
N29** се четиријадрени.

Друго сите овие процесори се наменети за подолго батеријата да трае, и трошат 7.5W. Штедлив i3 со U ознака троши 15-17W макс.

Според мене, од N28** да се бега од нив како од ѓаол, оти и 1MB L2 кеш имаат, ништо нема да задоволи,
а четиријадрен N29** со 2MB L2, колку толку ќе брка работа.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6320 на: 09 Декември 2014, 09:47:58 am »
Друго сите овие процесори се наменети за подолго батеријата да трае, и трошат 7.5W. Штедлив i3 со U ознака троши 15-17W макс.
Не е тоа потрошувачка туку TDP - thermal design power што е параметар според кој треба да се дизајнира ладењето.
Потрошувачката е динамичен параметар кој зависи од архитектурата на CPU-то, производствениот процес со кој е изработен, работните напони и оптеретеноста во зададен интервал.
Тие малите гомненца Атом се дизајнирани да коштаат ефтино и да греат/трошат релативно малку за да можат да се сместат во уреди со оскудно ладење. Тоа не значи дека се енергетски поефикасни од тој i3 со U ознака.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6321 на: 09 Декември 2014, 14:06:37 pm »


Ха, го читав пред една година истото, ама ете го однело ветрот. Богами сега ќе го запамтам.
Иначе генерално процесор со помал TDP се очекува (барем јас така сваќам) да троши помалку енергија.

Молам само да не се претвори оваа тема како таа со потрошувачката, и дизелот вс бензинот,
кое е поефикасно, колку троши на толку на онолку. Секој со парите. ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6322 на: 09 Декември 2014, 22:22:25 pm »
Power to the people,

Зборуваш вистина чедо мое. Сери му се на процесорот што не може ни 10 вати струја да потроши.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6323 на: 09 Декември 2014, 22:36:41 pm »
@Power To The People
TDP нема допирна точка со потрошувачката, односно ефикасноста на процесорите.
За жал многу луѓе го сваќаат исто како тебе и токму поради тоа компаниите го злоупотребуваат (манипулираат со бројките, за секоја генерација на процесори тресејќи методологија од ракав) за да ги наведат купувачите на погрешен заклучок дека некој процесор е енергетски ефиаксен и дека не троши многу електрична енергија. На Вики има објаснето троа за TDP.

Потрошувачката се мери како завршена работа за единица енергија. Некој процесор може да грее малку, но притоа да завршува малку работа, т.е. да биде неефикасен. Па така ќе има мало ТDP и ќе му треба цела вечност за да заврши одредена работа при што ќе потроши многу енергија. На друг процесор ќе му треба многу малку време за да ја заврши работата, ама за тоа време ќе крене повисока температура и автоматски ќе има поголем TDP. Тоа не значи дека потрошил повеќе енеригија за да ја заврши работата.

Кога сме веќе кај ефикасноста, пред два/три месеци излезе Core M, тоа е најефикасниот x86 произведен до сега.
http://newsroom.intel.com/community/intel_newsroom/blog/2014/09/05/intel-launches-the-intel-core-m-processor
« Последно менување: 09 Декември 2014, 22:55:55 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6324 на: 09 Декември 2014, 22:46:38 pm »
Мене ми е јасно што е TDP. А јасно ми е и дека процесорите од иста генерација и архитектура се тука некаде со ефикасноста и нема големи разлики. Најлошите die harvest-и секако се помалку ефикасни. N процесорите се тотална тапа и тоа е битното во муабетов.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6325 на: 09 Декември 2014, 22:54:55 pm »
Му се обраќав на МоќтаНаНародот
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6326 на: 10 Декември 2014, 01:25:08 am »
Ај малку помош.

На лаптопов си имав звук и се беше ок. Прееска ставив едни звучници од компјутер да ги пробам дали работат и ги извадов. Сега пуштив музика и нема звук лаптопов воопшто. Ставив слушалки, на нив има звук.

Што можи да му биди?

Едит: до џекчето било, го извадов-ставив џекчето од слушалките и проработи :)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7212
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6327 на: 10 Декември 2014, 08:04:27 am »
Потрошувачката се мери како завршена работа за единица енергија. Некој процесор може да грее малку, но притоа да завршува малку работа, т.е. да биде неефикасен. Па така ќе има мало ТDP и ќе му треба цела вечност за да заврши одредена работа при што ќе потроши многу енергија. На друг процесор ќе му треба многу малку време за да ја заврши работата, ама за тоа време ќе крене повисока температура и автоматски ќе има поголем TDP. Тоа не значи дека потрошил повеќе енеригија за да ја заврши работата.

Аха, аха. Сваќам што сакаш да кажиш. Бравос за то шо си ги пратиш вавите работи.

И, нека загрева таму, само побрзо нека е, си направија тие соодветно ладило.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6328 на: 10 Декември 2014, 10:27:26 am »
Греењето е непријател на процесорите. Поради зголемување на ефикасноста на платформата кај Haswell процесорите, Intel ги премести регулаторите за напон(VRM) во самиот процесор. Тоа ја зголеми ефикасноста, но и температурата што е посебно проблем кај процесорите со повеќе јадра и висока фрекфенција кои знаат да исцицаат поповеќе енергија при товар и да изгенерираат поголема топлина за кратко време. Воедно топлината од електричните компоненти на матичната е префрлена на процесорот што овозможува матичните плочи да имаат поефтино ладење и да немаат VRM. Благодарение на тоа цените на матичните плочи за Haswell се пониски и со ефтин дизајн на матична плоча може да се постигне стабилност со било кој процесор. Но во наредната генерација-Skylake, VRM-то ќе се врати на матичната плоча, претпоставувам поради големината на чиповите и физиката на новиот 14nm производствен процес.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6329 на: 10 Декември 2014, 20:17:33 pm »
колку температурата на процесорот може да влијае на перформанси,се уверив лично на ѕвер лаптоп со i7.ситуацијава беше следна:укључена некоја fb игра,и епизода од некоја си серија.видеото сецкаше,процесорот на 100% цело време.усисавање со правосмукалка,мислам дека го отворивме претходно делот кај отворите(не е ни битно тоа),после чистењето,праење истата операција и пуштање 3 епизоди во исто време и она спава