Здраво клабери.Имам еден проблем и веке 3 дена се убив од форматирање,инсталирање чачкање по нет.Лап топот ми беше на сервис и после 35 дена ми го вратија,променета матична.Е сега проблемот е тоа што скролот на тачпадот никако да го управам.Има два вида на Драјверите кои дојдоа со лаптопот,на синаптикс и на елан.Со синаптиксот само скролот не фунцкионира,а со еланот кликовите лев и десен не функционираат а скролот фунцкионира супер.Пробав најновите драјвери од официјалната страна на Ленови,не успеав,пробав со најновите драјвери на синаптикс,повторно скролот не функционира,неколку пати форматиран,инсталирани скоро сите програми кои имаат улога на апдејт на драјверите,но без резултат.Веке немам идеа што да направам.Лап топот е леново г580 (и5 3230,6 гб рам,1 тера диск,гт 635 2гб графичка).
Ако некој има некоја идеа нека кажува.