Во план бев да зимам NAS од Synology, моделот ds224+, ама веројатно ќе идам на опција направи сам заради понови компоненти и ограниченоста на дискови кои се поддржани од Synology. Ама па софтверот што го имаат ќе ми бркаше ептен работа, па во потрага сум по опција за ОС и апликации за следниве потреби:
- синхронизација на фотос од мобилни на NAS (пандан на Google photos)
- некој бесплатен офис пакет, те ворд и ексел процесор
- можност за виртуелизација, Docker, пошто би сакал да инсталирам Home Assistant секако
- ОС кој не е прекомплициран за инсталација но е доволно стабилен да не мора да се ебавам цело време со проблеми, да поддржува, те да е верзија за NAS уреди
Ако имате некои предлози, поготово од сопствено искуство би бил благодарен ако споделите, ќе ми заштедите веројатно неколку сесии од пробувања
