Јас користам лаптоп - докнат на 24“ монитор со солидна тастатура (не е механичка, но не го гледам тоа како предност, туку повеќе како фетиш во денешно време, пошто има солидни тастатури без механички копчиња, со добар фидбек), и солиден маус (повторно не е гејмерски со 6 оски на движење и клечи/пучи функции, пошто воглавно не ми ни треба таков маус), така да по ред на наведените маани:
- Ергономија на користење - на работно место задоволена во потполност.
- Полош монитор - зависно од тоа каков монитор си избрал за на десктоп
- Тастатура - елаборирав погоре, докнат лаптоп, бирај каква сакаш тастатура, исто ко за десктоп,
Истото ова го имам и дома, со тоа што е уште подобро него на работа, благодарение на поквалитетни монитор тастатура и маус.
Останува уште:
- Проблеми со ладење и прегревање нема, инфериорност секако дека има. Поготово во ценовниот ранг. Ако треба да докупиш монитор, тастатура и маус, по можност уште еден адаптер за напојување, уште повеќе се зголемува инфериорноста во однос на price/performance
- итн (еве да помогнам, модуларноста и апгрејдабилити е неспоредлива на десктоп компјутерите во однос на лаптоп)
Предности од моја гледна точка:
- најголема предност: Све своје са собом носим. Не мора да се занимавам со префрлање на податоци од едно место на друго за да можам работите да ги завршувам кај што имам слободно време и простор (некогаш дури и во кафич).
- воглавно овој тип на комуникација, лежерно дрвење со
@Van на форум, го практикувам во полу-лежечка положба, со кафица на маса и лаптоп врз qr-от (завршив со деца праење, не се секирајте за живоста на моите сперматозоиди).
- многу често читам стручна литература во кревет пред спиење, директно од лаптоп, затворам лаптоп и спијам.
- Аеродроми, одмори, викенди итн... лаптоп е незаменлив.
Затоа, за мене, што помоќен и што полесен преносник, со што е можно подолготрајна батерија. Сон ми е ova:
https://www.cnet.com/products/lenovo-thinkpad-x1-carbon-2017/review/