лаптопот ќе си го докнеш со екстернал монитор и тастатура и исто ти е како десктоп
...
ако ми треба компјутер за програмирање и ако го користам истиот на работа која е поентата да земам десктоп за да го користам само кога ќе бидам дома.
Друже овие цитирани делови ќе се надоврзат на поентата што ќе следи за кратко.
Прво кажи колку време поминуваш на компјутер, работа и се друго? Двоцифрена бројка саати дневно е? Секако е солиден број саати, така?
Епа ајде да зборуваме за работи како општо здравје, и за ергономија на користење на компјутери, ајде да зборуваме за цена на чинење, и ајде да зборуваме за трајност и долговечност на хардверот.
Дека хардверските компоненти на лаптопите се многу повеќе склони кон дефекти, тоа на сите им е познато. Тесен простор, тешко изводлива вентилација, дефекти заради долготрајни високи температури, дефекти заради подоложност кон падови и вибрации. Згора на се лаптоп кошта значително повеќе од десктоп со споредливи перформанси.
Од аспект на ергономија на користење, ако си го цениш здравјето и иднината (читај, ако имаш три чисти), работата на компјутер ја изведуваш на работна маса, правилно седнат на квалитетно столче, тастатурата ти е во висина на спуштените лакти а врвот од мониторот ти е малку над висината на очите. Употребуваш фул сајз тастатура (опционално и пожелно со тактилен фидбек за контакт, за да не ги „тепаш“ тастерите и малтретираш прстите), и употребуваш ергономски глушец.
Лаптопот те тера да ја наведнуваш главата надолу, рецепт за проблеми со врат и кичма. Сега можеби имаш, колку, 20 и кусур? Што ќе биде со тебе за 10 години, 15 години? 20+ години?
Тастатурите и на најголемите лаптопи се бедно инфериорни во однос на просечно квалитетна десктоп тастатура, а сосема прифатлива е разликата во цена до премиум десктоп тастатура (пошто добра механичка тастатура еднаш се купува, и се користи и после промена на хардверската платформа). Да, на лаптоп можеш да закачиш десктоп тастатура и добар глушец, па и добар монитор... Но која е поентата да се заебаваш со повеќекратно секојдневно приклучување и исклучување приклучоци кога осредно опремен десктоп кошта помалку од пола цена за квалитетен лаптоп? Цената на квалитетни тастатура глушец и монитор не ги сметам тука, пошто и сам велиш дека ти требаат за да ги закачиш на лаптопот.
Понатаму, која е неопходноста секојдневно да влечкаш лаптоп од неколку кила?
Чуму кога за парите можеш да имаш и десктоп, и побазичен лаптоп?
Посебно за програмирање не ти треба многу моќен десктоп (освен ако постојано не компајлираш големи количини код). Ако работиш во фирма, секако имаш десктоп на работа. Ако си сам свој газда, пак би требало да имаш десктоп и на работа (од погоре објаснетите ергономски причини).
Имање само лаптоп, и немање десктоп, можам да оправдам само кај исклучително сиромашни луѓе кои само што почнале да заработуваат (или студираат). Но кога ќе видам дека мнозинството во џеб имаат телефон од над 300-500евра, економијата на „лаптоп како десктоп“ веднаш паѓа во вода.
edit:
Нејсе, мислам дека доволно објаснив.
Не ве гледам никој од вас „само лаптоп“ фановите да начнете ниеден од аргументите кои ви ги изнесувам. Дали не ги знаете работиве кои ви ги покажувам, или намерно ги игнорирате , тоа сепак е само ваша работа. Користете вие што ви е волја и кеиф, само немојте подоцна во животот да се жалите како модерниов живот ви го заебал здравјето. Немојте, пошто сами си го заебувате здравјето, свесно и неодговорно. И прилично глупаво.