Ова за проверка на фрагментација не би требало да го прави пошто се изгасени тие опции. Иначе мислење за Windows 10? Се мислам да го симнам.
Систем како и секој друг систем. Јас додека го ставив на мојот лаптоп се окозив.
Три пати со апгрејд ми вадеше црн екран па се враќав на 8.1. После ми текна дека имам всушност две графички карти (една онбоард, другата нВидиа), и укапирав дека хардверот со фирмверот не се усогласени штом ми вади црн екран.
Па апдејтирав фирмверот на биос-от, па апдејтирав драјвери на нВидиата, и после тргна работата. Па ако ставаш 10ка со апгрејд, провери си ги тие ствари прво, па после ставај. Јас не ги проверив, па научив по потешкиот пат.
Сега за сега е релативно стабилен.
Ме нервира затоа што сам си прави апдејти (не можеш рачно). Најмногу што можеш е да си закажеш рестарт. Ме нервира после рестарт на Кортана и треба 2-3 минути додека да индексира, а мене ме мрзи да го конфигурирам да не прави така.
Исто ме нервираат некои работи во самиот дизајн и интерфејс.... Абе се јаде.... Што да ти кажам.
Единствена позитива, повеќе десктопи. Како кај Линукс.
А старт менито, безкорисно. Буквално. Барем за мене.