Како и да е, за хиперИКС ваљда никој не одговарал пошто никој не прашал. Јас прашав за В300 пошто го најдов по добра цена и бев советуван да не го земам.
Марјанот веројатно дошол до погрешен заклучок дека во темава е препорачан Самсунг 840 ЕВО, кој никаде не е препорачан (или барем јас не можам да видам такво нешто), туку препораките се за 850 ЕВО, за кој што исто така, јас прашував.
Препораките се на место, тоа никогаш никој никаде не го спореше.
На сите производители им се дешава да ги снајде пех (или свесно да прават превара). Дури и на такви како Интел. Тоа го знаеме сите што на некој начин се занимаваме со Ај-Ти. Значи тоа кажано, мене само ми дојде смешно што некој овде (не те гледам тебе), така здушно ги брани Самсунг ѓомити им е генерален увозник...
(„аристократот“ Гојде го гледам) 
Самсунг е добар бренд за подоста различни видови електроника (освен за климатизери). ОК беа уште кога беа помала фирма и се викаа Голдстар. Ама на сите компании им се дешаваат пехови со некои серии производи, па така и на Самсунг со EVO 840.
Се што реков јас поназад е дека V300 (и Кингстон генерално), не се лоши - посебно за парите и посебно тие првите серии V300 од кои јас купив. Сега наводно има некои сумњиви работи со употреба на разни видови нанд, ама сеуште ни одблиску не се такво ѓубре како што некој овде ги претставува. Посебно не од аспект на безбедноста на податоците. Доказ за тоа се стотиците (илјадниците?) продадени V300 овде во Македонија, и бројот на дефектите со нив. Кој не верува може да провери, наместо да кења и да прави филмови.
Најпосле, овде кај нас СЕТЕК не ги намали цените доволно за да ги одразат реалните цени на V300 во сТранство (цени кои ги одразуваат перформансите). Не ги намалија пошто и по таа висока цена се продаваат без проблеми. Паметен избор секако е Ево 850, но не заради „доверливоста“ туку заради перформансите. Како и да е, смешно е што некој има потреба буквално да плука на безбедноста на производ кој се продава во големи количини а нема голем број документирани поплаки.
Највоочливо во фактот дека сум во право, е тоа што овде темава се нудеа само бенчмарк тестови и некои општи поплаки за контролерот што се упoтребува во V300. Инаку истиот тој контролер SF-2281
го употребува дури и Интел, исто така без поплаки за безбедноста на податоците.

Eден момент за V300, што упорно се игнорира:
http://www.anandtech.com/show/6733/kingston-ssdnow-v300-reviewI spoke with one of Kingston's SSD engineers and he said Kingston's firmware is not stock SandForce (like for example Corsair's is), but a custom one where they have tried to pick the best features from every firmware.
Не знам која ти е поентата ама ај...
Па ете, испадна дека и кај господскиот Самсунг, и тоа во толку фалената EVO серија, имало црна овца (840).
Само да се насмеам малку, нити купувам нити па продавам ништо...
