Кога се фативте за пиво, ја користам приликава да се искурчам ко јак пијач. Јас во мојот живот имав еволуција во вкусот на пиво. Порано сакав газирани и безвкусни пива, а сега обратно. Од тие овде шо се продаваат најмногу си го милувам Старопрамен, па Амстел. Нај-ко газирана вода ми е Бекс и не сум се напил неколку години; од (многу) Скопско ме боли глава па ако има друг избор го избегвам секогаш; Даб не ми е омилено, но го поштовам пред Скопско; Долго време бев заглавен на Темно Лашко; а од оние кои шо Ван би ги нарекол елитистички(а на запад се клошарски) пива и кои се продаваат кај нас во последно време си го милувам Erdinger матно(го има во Тинекс).
За пиво број 1 ми се чешки, па белгиски, па германски пива. За жал кај нас имаме многу мал избор на такви пива, а и тие кои ги има се со цени x2~x4 од цените во матичните земји. Од чешки препорачувам Velvet, Grambrinus, Staropramen и Zlatopramen. Од белгиски Leffe, Chimay, Duvel, па дури и нивното (екс) национално Jupiler (им ја купија Бразилци пиваријата) кое во Брисел се продава по цена ко Скопско во Скопје. Од швабските Augustiner Maibock, Ayinger Weizen и други на чиви имиња не можам да се сетам затоа што се многу долги и комплциирани.
Нај-јаките пива по алкохол кои сум ги пиел до сега биле во Белгија, дури и до 20% алкохол. Во кафич/диско се служи т.н. шаржер составен од 5 пива од по 0.33l (тоа се смета за големо пиво ко кај нас 0.5l) така што првото е со 5% , па 8%, па 10%, па 12% ио последното е со 15% алкохол. Практично со два шаржери љокнати за еден саат треба да имаш уплатено за на топсикологија.
Најдобар пиво-настан на кој сум бил е Октоубрфест. Секој (маж) кој некогаш во животот ќе може да си дозволи треба да отиде. Пивата не се толку добри, но атмосферата е крај.
Највкусно пиво кое сум го пиел до сега е во домашна пивница 7Stern во Виена. Имаат околу 25 различни врсти на пиво, но 7 им се најбарани (нај промовирани и најпродавани) меѓу кои мене исклучително ми се допаѓаат само две Indian Pale и Maibock. Секогаш кога одам на пат во Виена ја посетувам пивницава барем еднаш. Најтопло препорачувам да се посети пивницава пред било која глупа знаменитост или објект(ко на пример Захер Хотел, Опфрахаус и слично) промовирана по флаери и водичи.
Пиво кое се продава кај нас, а не сум го пробал до сега е Крале Марко.