Aj може и не за овде, но да не отварам нова тема.
Откако го зедов лап топот се намачив дур најдов стабилни драјвери за графичката, само една постара верзија работеше стабилно.
Останатите ја креваа температурата до тој степен што самиот лап топ се гасеше да спречи евентуална штета.
Направив нова инсталација на седмица, со сите драјвери стабилни, НО, бидејќи немав можност да бирам која верзија да ја инсталирам, најдов неколку 32-битни бутабилни CD-а на хаџи пазарот во Авганистан, и завршив работа.
32-ката ми дава само 2.93 гигчиња од 8 гига рам колку што има лап топот.
Е сега, некогаш кога ке пробам да подигнам апликација, директно ми иде на сликата подоле.
Дали инсталирање на 64-ка ке ми го реши проблемот?
