Ај да прашам некој поупатен, поручек треба да се давам во Сетек земав слушалки во саботата Redmi Buds 3 Lite, за парите беа супер по ревјуа, а и стварно се. Арно ама, кога ги земав десната несакаше да се конектира, после увидов дека уствари е препразнета спрема другата, океј,наполнав/ресетрав и се супер е арно ама истата слушалка не држи декларирано батерија, декларирани се 5 саати, еве realife нека се 4, на 60% ги користам од снагата, арно ама оваа не стига ни до 2, за саат и 40 се гаси, другата тера, барем над 3 саати ја слушав пред да ја угасам.
Како е тој законот со враќање, нешто 7 или 14 дена оти се давеж како шо знам во Сетек ако дојди до враќање или користење на гаранција. Сакам да ги вратам, пошо ако им речам едната не трај ќе ме маткаат барем еден месец по сервис, кај шо фалабогу ќе ги уклулчи некој и ќе речи еве работат па пак ќе ги вратат...Да ги заменам за други исти во Сетек ако се од истиот лот можи пак проблемот да е, вероватно од многу седење празни. Ќе ги земам истите пак само од некој од Xiaomi продавниците.
Sent from my SM-A202F using Tapatalk