Во изминатиов период од 3 и пол месеци од последниот Милестон, забележливо е активирање на нови членови и се поголема нивна храброст за поставување на постови. Тоа е добро, успешно се наметнуваат и нивните постовите предизвикуваат реакција кај останатите членови без разлика дали се работи за позитивни или негативни. Забележлива е зголемената активност на Банзаи, гОЈде наступа стихијно, а Спортекс од нашето помирење, односно запознавање ко да ми нема инспирација. Јес да секој негов пост заслужува да се прочита. Големо внимание предизвикуваат постовите на Симо алиас Carrier166 кој поркај тоа што ја обожава марката над сите марки е и доста технички поткован. Неговите совети се добродојдени без разлика дали се работи за Алфисти или членови на најмасовната групација на форумов попознати меѓу народот како Буба Шваби. Во изминатиов период за одбележување е и подновувањето на Ивана и Класниот. Тоа е една од убавините на форумот каде можеш во реално време да видиш промена на возило кај некој член притоа знаејќи колку внимание и љубов имаат посветено на претходното. Исто така во изминатиов период вредно за спомнување е и солидарноста на членовите кон ремек делата на Велештрумф каде секојдневно се гласаше со надеж дека Веле ќе иде даље. Тоа е за поздрав и јасно кажува дека поголемиот број на членовите не знаат што е тоа завист. Од друга страна негативно е што Маријан подолго време нема пишано пост, дури и ми е чудно кога одредено време ќе се навикнеш на дневна доза од некој форумаш а истата ја нема. Стратро си е слика за себе, хард кор US Muscle Car lover, омразен кај фановите на Ferrari но истовремено ценет. Лошко наш е тринаесетото прасе. Активен, поткован, речит, држи став и е едини од постарите форумаши кој не е виден во Живо, боље така да остане за да се држи некоја тензија. Тука се и Фаланга и Дени, толку различни а толку слични. Секој на свој начин. S16 e уникат од форумаш, само он знае што се нема возено но сепак е доста скромен и уникатен. Алфистите си се држиме меѓу себе како една голема среќна фамилија и по правило ако нападнеш еден од нив ко да си ги нападнал сите. Доста слично размислуваме и не за џабе сме се одлучиле за нејзиното величенство. Што се однесува до Рики, тоа е ултимативниот шампион во пишување пораки, но малце сум му љут затоа што на собирот по повод свадбата на Ате пред други форумаши сакаше да докаже дека Алфите се меки возила и стискаше на лимот од моето единствено и најмило возило. Не се љутам али немој друг пат да ти се деси. Кога не разбираш што е Алфиста не му закачај најмило.