Јас од пред еден месец почнав да се информирам по интернетов за Норвешка, што се бара, кај да се бара, начинот на живот...
Да доспремам документите и ќе почнам да остварувам некои контакти.
Како што прочитав, ќе се снајдеш и со Англиски но многу ќе си ограничен за работа ако не знаеш Норвешки. Знаат Англиски ама не сакаат да зборат.
Некаде прочитав дека Правен факултет е признат таму мада нема да бирам работа. Време е мислам да се фати џаде. Кој има некое инфо околу посредници или слични упатства макар и за пари, би ми биле добредојдени.
Секако, и Шведска и Данска се во игра.