а да прашавте како е во норвешка,шведска,данска?
пред два три дена зборев со еден родител на кој ќерката и зетот отишле во норвешка-берген.
предел во кој има изобилство на бујна вегетација,мориња и езера.кислород во големи количини,земја богата со нафта од сопствени наоѓалишта,гас...не за џабе неколку години е во врвот на најдобри земји за живеење по квалитет на живот.
зетот е механичар,ќерка му нешто работи во хотел во центарот на берген,по 4-5 саати.отишле пред две години со две деца 13-16 год.
учење норвешки 400 евра месечно.
англиски мора да се знае да се добие работа.
нив ги повлекла некоја тетка,им нашла куќа за под ќирија и тоа е тоа.мора да има некоја логистика.
сега вика бев да им помогнам си купија стан и го реновираат.ПАЗИ за 2 години купиле стан.
Е сега реновирањето односно парите дадени за реновирање им се одбива од кредитот што го подигнале.
ако пр. земале кредит 30000 евра,а за реновирање дале 10000 од банката им стига преставник-проценител,гледа што е вложено и купено и им намалуваат рати....нешто така
човекот беше презадоволен од норвешка поточно градот берген,некаде колку пола скопје големина.
се си има ред и функцонира.
исто мој другар беше во берген 2 год на магистратура и он имаше слични кажувања кој се поклопуваат со кажувањата на чичково

моја препорака ви е да баталете канада,австралија,нов зеланд и пробајте норвешка,данска,шведска.
за 7 саати стигнал кога одел нагоре.зборот ми беше поблиску е него ли канада или австралија.
за тие што имаат пари македонија е ’’америка“
