За Австралија е иселеничка, не е за неколку месеци. Добиваш статус "permanent residence", што те прави постојан граѓанин на Австралија, но не ти дава државјанство. За тоа, треба неколку години да живееш и работиш таму, па да можеш да аплицираш.
Eeeeerr...No

т.е вака стојат работите.
Да добиеш permanent residence треба оттука да задоволиш поприлично многу услови
- струката да ти е актуелна (demanding)
- да имаш минимум 5 години (full time) работно искуство
- да имаш минимум 7,5 скор на IELTS (на сите четири категории не само вкупниот збир)
- да имаш високо образование
- да си околу 25-35 години
Полуофицијални услови:
- да имаш солидно кеш на банка (минимум 20 000 долари од човек)
- да аплицираш во држави каде реално нема голема навала на иселеници (како што направив јас)
Permanent residence ако добиеш си само на 2 години од државјанство. А тоа бате Австралија МНОГУ...МНОГУ...МНОГУ тешко го дава.
Ќе си одиш на Skilled Migrant процедура како јас (489 тип) и речиси ги уживаш истите права на Permanent Resident само што не си

Ќе наоѓаш огласи каде ќе бараат PR, а ти немаш.
Никаква социјална помош не добиваш, а плаќаш секакви даноци.
Мора да работиш и живееш таму каде што ќе ти речат (буквално), а тоа е најчесто по мали градчиња, селца или сред пустина во џунглите на север ...евентуално Adelaide каде што бев јас и каде се најгнасните луѓе што си ги запознал во животот (т.н. Англичани). Во споредба со Melbourne овие се катастрофа. Конзервативни, расистички настроени, општество поделено на класи врз основа на имигранти - Citizens, освен ако немаш нивна диплома тогаш ќе можеш да работиш некоја почетна позиција.
Кој проверил знае, вака стојат 100%.
Многу од вас се лажат „Абе оди работи што било, па после ќе најдеш работа на струката!“.
Аха...така е тоа. Кога ќе напишеш во CV дека си работел чистач две години, ќе те прашаат зошто не си работел на струката? А ти што и да речеш тие ќе те гледаат дека ти не си update-иран со знаења во последните две години.
Јас ова на лична кожа го почувствував. Работев како фотограф, вадев убави парички неделно (за македонски услови

) ама таму можев да си платам трамвај.