Кој вели дека нема Фиеста 1.6 дизел?
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/799199?searchID=5571638&Idx=3
Еве ти добра понуда.
Нормално дека ќе гласам за Свифт. Убаво количе, ретко кај нас, докажан квалитет во сите делови (мотор, електрика, механика)
Пошто не ти битно друго освен градска вожња, тогаш свифот ти е фраерско количе.
Фиестата е добро количе, 1.25 моторот е во соработка со Јамаха и доста добар и покажан. Барам јас така знам. И вади одличен звук.
Сеат ибица, ми е толку досадна кола, што некако не ми ни доаѓа да зборувам за неа. Ја има на секој чекор, не се најдобро склопени и сумливи мотори.
Од кај тоа сумљиви мотори кај Ибицата? Си имал некое искуство или од зборења само?
А за Свифтот да фраерско количе е нема што.
сумљиви мотори на ибица абе ај....прво скокни па кажи оп
Јас немам лично големо искуство со овие мотори. Ама како што гледаш до сега од испишаното, никој не го фали 1.2 тси како квалитетен мотор и издржлив.
1.4 е во понудата од памтивек, не дека е лош или се расипува, ама пак кога споредуваш со на Свифт мотор или Фиеста Јамаха мотор, далеку е позади нив. Забрзувањето на сите се тука некаде накај 12.2 - 3 додека потрошувачката кај сеатот не е баш иста со 1.2 моторчињата на другите.
И според се ова испаѓа дека сепак, моторот на Ибицата не е најдобар и не било да се скока, па да се кажува оп.
На крај краева, што е битно која како изгледа, што перформанси има, купи си тоа што ти прави најповеќе кеф кога ќе го видиш.
Само извози ги сите, за да видиш како е чувтството позади воланот.
Што и да купиш, со среќа нека ти биди.